fbpx

Ограбени домовите на двајца битолчани

-

Домовите на двајца битолчани вчера биле цел на крадци, кои однеле пари и златен накит, информираат од МВР.

Во едниот случај, непознат сторител, преку незаклучена врата од гаража, влегол во куќата на Ј.В. (41), на улицата Коста Абрашевиќ, и украл 20.000 денари и разновиден златен накит, вреден 900.000 денари.

Истиот ден, крадец провалил во стан на улицата Баталјон Стив Наумов, сопственост на П.С. (37), и однел поголемо количество златен накит и два рачни часовници. Вкупната материјална штета била проценета на околу 250.000 денари.

И во двата случаи, полицијата нема осомничени и презема мерки за нивно откривање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...