fbpx

Станишев со остри критики за македонската политичка состојба

-

Партијата на европските социјалисти (ПЕС) со зголемена загриженост ги следи последните случувања во Македонија, изјави членот на групата на социјалистите во Европскиот парламент и потпретседател на мешовитата парламентарна комисија ЕУ-Македонија, европратеникот од Бугарија, Сергеј Станишев кој е и претседател на Партијата на европските социјалисти.

– Сè поголемата конфронтација им се заканува на демократските процеси и на довербата во институциите. Повеќепати Европската комисија и ОБСЕ предупредија против закани врз гласачите и недостигот од независност на судството, кое е често партизирано. Во здрава демократска животна средина, опозицијата треба да биде способна да работи во целосна слобода. Обвиненијата имаат јасна политичка мотивација – изјави Станишев за „Мета“.

Станишев не е лично запознаен со снимките од прислушувањето, но истакна дека тоа е неприфатливо.

– Лично не сум запознаен со снимките што беа објавени, но самата можност дека илјадници луѓе биле прислушувани е шокантна и неприфатлива. Понатаму, медиумската слобода е фундаментална за функционална демократија и многу е чудно што изјавите на Заев толку малку беа медиумски покриени. Медиумите можат да се согласат или да не се согласат со некои информации, но нивната главна обврска е да ги информираат луѓето и да имаат гарантирана слобода дека тоа можат да го сторат – рече Станишев.

Станишев најави и мисија на европските социјалисти во Скопје за наредните недели за да се запознаат со ситуација одблиску и да добијат јасна слика за случувањата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила, пренесе германската новинска агенција ДПА. Меѓународната...