fbpx

Тамара ја чувале за реклама и за промоција?

-

Дали малата Тамара ја чувале за реклама и е трагична жртва на жед за промоција?

Ова како да произлегува од изјавата на Аспазија Софијанова, директорката на Клиниката за детски болести, дека одлуката за малата Тамара да не се лекува во странство дошла од повисоко ниво, се чекало да се отвори новиот спинален центар за таму да се лекува девојчето. Ова Софијанова го потврдила за „Нова ТВ“.

Софијанова вели дека во моментот кога одлучувала Второстепената комисија, таа не била во државата, а одлуката се договарала по телефон. Иако нејзиниот потпис стои на решението со кое се одбива Тамара да оди на лекување во странство, Софијанова објаснува дека не е претседавач на Комисијата, туку само ја менувала докторката Анастасика Попоска, инаку мајка на министерот за надворешни работи, која била болна во тој период.

Искрено жалам и согласна сум да ја прифатам вината доколку тоа му помогне некому мирно да спие, истакна на денешната прес-конференција Софијанова.

-Подготвена сум да понесам морална одговорност како член на второстепената комисија за упатување на
лекување во странство и да се повлечам од таа функција. Ја увидов грешката направена на комисијата и направив
се што е во моја моќ да ја исправам во најкус можен рок-рече Софијанова.

Случајот со деветгодишната Тамара низ лавиринтите на институциите се влечкаше цели три години. За него пошироката јавност дозна во последните три месеци, кога речиси сите медиуми почнаа да известуваат, а се организираа и хуманитарни концерти.

Таа почина во понеделникот, пред да ја дочека одлуката да замине на операција во Турција. Сумата што требаше да се плати за операција изнесува 30.000 евра.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дивата депонија во Никуштак повеќе од две децении ги труе граѓаните, ветувањата за нејзино расчистување не се реализираа

Повеќе од две децении нема решение за расчистување на депонијата во село Никуштак во општина Ликово. Жителите изгубиле надеж дека овој проблем ќе се реши и и понатаму се...