fbpx
Таг: одбрана

таг: одбрана

ГРОМ: Граѓаните ја одбранија државата

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција рече дека граѓаните успеале да ја одбранат државата. Според него, се видело дека во клучните моменти, како што државните институции ги штитат граѓаните, така граѓаните знаат кога треба јасно и недвосмислено да ги заштитат институциите и тие што работат во нив. „Секогаш кога ќе биде доведен во прашање суверенитетот и професионалноста на...

ГРОМ утре во 18 часот на контрапротест во близина на Уставниот суд

Утре во 18 часот ГРОМ на Стевчо Јакимовски ќе одржи „собир за поддршка на институциите“. Протестот ќе се одржи пред објектите на Агенцијата за електронски комуникации и Обвинителството во близина на Уставниот суд, каде што во исто време ќе протестираат граѓанските организации и СДСМ против одлуката на судот да расправа за иницијативата за уставноста на Законот за помилување. Јакимовски денеска...

Јолевски најави можно зголемување на бројот на војници во областа на Гевгелија

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, при денешната посета на границата со Грција истана дека јужната граница е делумно отворена за протек на мигрантите низ нашата земја и добро е обезбедена од безбедносните полициски сили на кои им помагаат полицајци од неколку европски земји и припадници на АРМ. Но, тој додаде дека доколку во следниот период бројката на мигранти се зголеми...

Јолевски од Хојт Ји побара поддршка за членство во НАТО

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и заменикот помошник на државниот секретар на САД за Европа и за Евроазија, Брајан Хојт Ји, на денешната средба во Министерството за одбрана заклучија дека Македонија е нераскинливо поврзана со НАТО и има целосна поддршка од САД на патот кон полноправно членство во Алијансата . На средбата министерот Јолевски, како што информира Министерството за одбрана,...

Зоран Ѓорѓевиќ е нов министер за одбрана на Србија

Зоран Ѓорѓевиќ е новиот министер за одбрана на Србија. Тој доаѓа од местото државен секретар во истото министерство. Ѓорѓевиќ го поддржаа 165 пратеници додека против беа осуммина. По гласањето, Ѓорѓевиќ положи заклетва пред парламентот. На таа функција е избран по предлог на премиерот Александар Вучиќ наместо Бранислав Гашиќ, кого парламентот го разреши во февруари годинава, поради сексистички коментари кон новинарка.

Министерката за одбрана на Босна и Херцеговина во посета на Македонија

Делегација од Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина, предводена од министерката за одбрана, Марина Пендеш, денеска ќе го посети Министерството за одбрана на Република Македонија. Во рамки на посетата, министерката Пендеш ќе се сретне со нејзиниот домаќин, министерот за одбрана Зоран Јолевски. По средбата во Министерството, тие ќе го посетат Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во...

Продолжува судењето за „Диво Насеље“, искази треба да дадат сведоци на одбраната

Денеска во 10 часот во Основниот суд Скопје 1 продолжува судскиот процес против 29 обвинети за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година. На денешното рочиште, според најавите, искази пред судот треба да даваат сведоци предложени од одбраната на обвинетите, кои се товарат за тероризам и за терористичка организација. На рочиштето што се одржа во...

САД, Јапонија и Јужна Кореја ја засилуваат размената на информации

Водечките воени претставници од САД, Јужна Кореја и од Јапонија договорија засилена размена на информации и координирани безбедносни напори поради засилување на севернокорејските нуклеарни и ракетни закани. По вчерашниот состанок во Вашингтон, шефовите на одбраната на трите земји издале заедничко соопштение во кое се оценува дека четвртиот нуклеарен тест и неодамнешното лансирање на ракета со долг домет, кое го изврши...

Верушевски ноќта ја минал во притвор, денеска можеби ќе си оди дома

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, првообвинет во случајот „Пуч“, ноќта ја минал во притвор во Истражниот затвор „Скопје“, тврдат за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1 и од одбраната на обвинетите. На нашето прашање каде е Верушевски во моментов, од судот велат дека тој се наоѓа во притвор во затворот во Шуто Оризари и...

Јапонската влада одобри рекордно голем буџет за одбрана

Јапонската влада денеска одобри рекордно висок буџет за одбрана, кој вклучува планови за купување скапи американски беспилотни летала за надзор и авиони „ф-35“. Јапонија ја засили соработката во одбраната со САД, додека Кина сè поагресивно настапува во регионалните води. Буџетот за војската од 42,1 милијарди долари е дел од државниот буџет во вредност од 800 милијарди долари за фискална година која...

Русија поставува антиракетен систем С-400 во базата во Сирија

Русија ќе постави систем за противракетна одбрана С-400 во својата воздухопловна база Хмеимим во Сирија, по соборувањето на нејзиниот авион на турско-сириската граница, објави денеска руското министерство за одбрана. Поставувањето на антиракетниот систем претставува комплетирање на новите безбедносни мерки што синоќа ги најави рускиот Генерал-штаб. Како што е најавено, рускиот антиракетен крстосувач „Москва“ ќе биде поставен во близина на северозападната провинција Латакија, а...

„Пуч“ веќе цела недела е на бирото на Катица Јанева

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, го добила материјалот за предметот „Пуч“ од јавниот обвинител што го водеше случајот и отсега тој е во нејзина надлежност, изјави за „Мета“ адвокатот на одбраната, Ангеле Илиевски. Според Илиевски, тој и неговите колеги, како адвокати на одбраната, сè уште не добиле официјално известување од специјлната обвинителка, но Јанева пред околу една недела дена го примила...

Унгарскиот министер за одбрана поднесе оставка

Унгарскиот министер за одбрана, Чаба Хенде, поднесе оставка по состанокот на Советот за национална безбедност, кој беше посветен на големиот наплив на бегалци. Тој оставката ја поднел поради тоа што војската била премногу бавна во подигнување на оградата на границата со Србија. Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја прифати оставката и на функцијата го понудил Иштван Симичко, исто така член на...

Иванов: Потребна е зголемена комуникација и соработка меѓу службите

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска одржал работен состанок со началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија (АРМ), командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), директорите и раководителите на државните органи надлежни за одбраната, безбедноста и разузнавањето, и со националниот координатор за борба против тероризмот, на кој, како што информираат од неговиот кабинет, било разговарано за мерките што се...

Иванов и Груевски најавија реформи во безбедносните служби

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и премиерот Никола Груевски, вчера во своите обраќања по повод 2 Август - Денот на Републиката, меѓу другото најавија и „реформи“ и „зајакнувања“ во безбедносните и во одбранбените служби. Претседателот и врховен командант, осврнувајќи се на случувањата во Куманово од 9 мај и на мигрантската криза, истакна дека овие околности ја наметнале потребата од реформи...

Обвинетиот за убиството на матурантот Ангел Петковски, осуден на 14 години затвор

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска ја објави пресудата со која на 14-годишна затворска казна е осуден Насер Ештрефи од скопското село Грчец за убиството на матурантот Ангел Петковски, што се случи во мај минатата година, во населбата Ѓорче Петров. „Советот, ценејќи ги олеснителните и отежителните околности, на обвинетиот му одреди казна затвор во траење од 14 години, а...

Министерот за одбрана на Латвија во посета на Македонија

Министерот за одбрана на Република Латвија, Рејмондс Вејонис, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Република Македонија. Како што најави МО, министерот Вејонис ќе има средба со неговиот домаќин, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски. Во рамки на посетата, министерот Вејонис ќе го посети полкот за специјални операции во касарната „Илинден“ во Скопје. Утре, според најавите, министерот Рејмондс Вејонис ќе...

Франција го зголемува буџетот за одбраната

Франција ќе го зголеми буџетот за одбраната за речиси четири милијарди евра во период од 2016 до 2019 година и ќе распореди 7.000 војници во постојани патроли, кои ќе бидат задолжени за внатрешна безбедност. Ова денеска го најави францускиот претседател Франсоа Оланд. По џихадистичките напади во Париз во јануари, во кои беа убиени 17 луѓе, Франција мобилизираше 10.000 војници за...

Илми Селами е новиот заменик-министер за одбрана

По оставката на  Арбен Лабеништа од ДУИ, на денешната пленарна седница, Собранието го именуваше Илми Селами за нов заменик-министер за одбрана. Селами има завршено политички науки на Правниот факултет, бил член, а потоа и претседател на Комисијата за спречување на корупцијата, а од 2008 година е на различни позиции во Министерството за одбрана. - Селами веќе шест-седум години е во ова министерство...

Заменик-министерот за одбрана си поднесе оставка

Заменик-министер за одбрана на Република Македонија, Арбен Лабеништа, поднел оставка на својата функција. Лабеништа ја образложил оставката со тврдењето дека не сака да биде во влада со луѓе што со погрдни називи ги ословуваат Албанците. Во подолгиот напис, објавен на неговиот фејсбук-профил, тој наведува бројни причини за неговото целосно повлекување, а се засноваат на неговото незадоволство од начинот на кој ДУИ се...