Заменик-министерот за одбрана си поднесе оставка

-

Заменик-министер за одбрана на Република Македонија, Арбен Лабеништа, поднел оставка на својата функција.

Лабеништа ја образложил оставката со тврдењето дека не сака да биде во влада со луѓе што со погрдни називи ги ословуваат Албанците. Во подолгиот напис, објавен на неговиот фејсбук-профил, тој наведува бројни причини за неговото целосно повлекување, а се засноваат на неговото незадоволство од начинот на кој ДУИ се однесува во текот на актуелната политичка криза и од односот на Владата кон важните државни прашања.

Долги редици пред салата „Борис Трајковски“ за подигнување на ваучери за инвертери

Денес пред салата „Борис Трајковски“ се формираа долги редици луѓе кои чекаа да си ги подигнат своите ваучери за инвертери, откако им стигнале пораки дека истите ќе можат да...