„Злоупотребата на власта боли силно. Ќе мора да излеземе, толку беше. СДСМ ќе ги води протестите, но тоа нема да бидат партиски протести , туку протести на сплотен народ. Сите партиски симболи ќе ги тргнеме настрана. Ајде сите да си ја вратиме слободата. Протестите се неминовност. Сите што имаат порив за протест да се обединат и заедно да си ја вратиме слободата“, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва во Штип.
– Штип ги има втемелено сите историски вредности на оваа држава и одовде произлегле многу, за историјата на овој народ, важни личности. Ние треба да го следиме нивниот пат. Првиот претседател на државата, Киро Глигоров, на својата инаугурација кажа дека како држава во светот ќе бидеме разбрани и почитувани само доколку се развиваме демократски. Но, сега светот нè покажува со прст зашто важи правилото „мисли како мене или готов си“ – рече Заев.
Заев истакна дека ги нема ветените работи за Штип како аеродромот, клиничката болница, студентскиот град и ветерниците.