fbpx

Министерот за одбрана на Латвија во посета на Македонија

-

Министерот за одбрана на Република Латвија, Рејмондс Вејонис, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Република Македонија.

Како што најави МО, министерот Вејонис ќе има средба со неговиот домаќин, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски.

Во рамки на посетата, министерот Вејонис ќе го посети полкот за специјални операции во касарната „Илинден“ во Скопје.

Утре, според најавите, министерот Рејмондс Вејонис ќе се сретне и со претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, Емил Димитриев, и со членовите на Комисијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...