fbpx
Таг: МВР

таг: МВР

„Коха“: Од 600 нови полицајци, 46 ќе бидат Албанци

Процедурата за избор на кандидати кои ќе бидат вработени како полицајци во Министерството за внатрешни работи (МВР), е во финална фаза и за кратко време ќе се заокружи бројката од 600 лица што ќе ја облечат сината униформа, пишува во денешното издание дневниот весник на албански јазик „Коха“. Според информациите на весникот, од 600 нови полицајци, 46 ќе бидат од албанската...

Обвинителството ги истражува околностите за смртта на двајцата мажи кај Драчево

Основното јавно обвинителство ги истражува причините за смртта на двајцата мажи кои синоќа околу 19 часот биле пронајдени во автомобил, со прострелни рани на телата, соопшти Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, безживотните тела во автомобилот, марка „ровер“, ги забележал случаен минувач, сопственик на лозје, на патот Драчево - село Количани, кај местото Локва. Според обвинителството, идентитетот на двете лица, кои...

МВР: Вчера се издадени 814 потврди на мигранти

Од МВР денеска информираат дека се издадени 814 потврди на мигранти во периодот од осум часот вчера до осум часот утрово. Од вкупниот број, 513 се од машки пол, 112 се од женски, 164 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 25 деца кои патуваат без родител, на кои е издадена потврда за искажана намера...

Скопјанец фатен со 2,8 килограми хероин на Богородица

Министерството за внатрешни работи (МВР) до велешкото јавно обвинителство поднело кривична пријава против 58-годишниот Е.Р. од Скопје, кој во четвртокот минатата недела бил уапсен на граничниот премин Богородица, при обид да прошверцува во земјава околу 2,8 килограми хероин. Според МВР, против осомничениот е поднесена кривична пријава со која тој се товари за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични...

Од средината на јуни досега, во земјава регистрирани 52.757 мигранти

Во изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 1.217 странски државјани. Според МВР, од почетокот на издавањето на потврдите (19 јуни) досега, документи, со кои им се овозможува легален престој на мигрантите на територијата на земјава во период од 72 часа, им се издадени на вкупно 52.757 странски државјани, од...

Струмичани преку „Фејсбук“ продавале фалсификувана спортска опрема и парфеми

Секторот за внатрешни работи Струмица поднел четири кривични пријави против осуммина осомничени, од кои седум струмичани и еден скопјанец, кои се товарат дека продавале фалсификувана спортска опрема и парфеми преку „Фејсбук“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираат оттаму, поднесени се пријави со кои осуммината осомничени се товарат за кривичните дела прикривање на стоки кои се предмет на...

АРМ: На границата остануваме се додека е потребно

Припадниците на Армијата на Република Македонија (АРМ) кои беа распоредени на јужната граница, два дена откако Владата прогласи вонредна состојба поради големиот наплив на мигранти, и натаму остануваат на границата како асистенција на полицијата, велат за „Мета“ од Генералштабот на АРМ. Од ГШ додаваат дека нивниот ангажман ќе трае „се додека има потреба“. - Сили на АРМ сè уште се распоредени во...

Фатен прилепчанец кој крадел по куќи на печалбари во кичевско

Поради постоење основи на сомнение за сторени седумнаесет кривични дела „тешка кражба“, Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против Е.А. (43) од Прилеп. Пријавениот, во различни временски периоди, со употреба на подесен предмет и кршење на бравите, цилиндрите и стаклата, насилно отворал врати и прозорци од куќи и помошни објекти во Кичево и околината. Тој влегувал и со качување преку...

На бегалската криза не и се гледа крајот: Колку што си одат, уште толку доаѓаат

Нов голем бран бегалци и мигранти, претежно од Сирија, се очекува деновиве да пристигне на македонската јужна граница. Како што пишуваат грчките медиуми, утрово околу 5 часот, траектот „Елифтериос Венизелос“ со околу 2.500 мигранти испловил од Митилини на островот Лезбос. Траектот треба да пристигне на пристаништето во Пиреа, денеска попладне околу 5.40 часот, од каде потоа со автобуси и...

Котевски: Вонредната состојба е сè уште на сила и ќе трае дури има потреба

Одлуката за прогласување на вонредна состојба што во средата, 19 август,  ја донесе Владата поради големиот наплив на бегалци и мигранти, е сè уште на сила, вели за „Мета“, помошникот-министер за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски. А, колку ќе трае кризната состојба, врз основа на која беше ангажиран и дел од Арамијата на Република Македонија (АРМ)...

Чавков и Курц денеска ќе ја посетат јужната граница

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков и министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, кој е во посета на земјава, денеска претпладне ќе ја посетат Гевгелија, која викендот беше во фокусот на меѓународната јавност поради бегалската криза. „Денес 24 август, во 10.30 часот, во Гевгелија, министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков ќе го пречека министерот за надворешни работи...

За еден ден издадени се потврди на 1.210 мигранти

Во изминатите 24 часа се издадени вкупно 1.210 потврди на странски државјани, од кои 1.015 се од машки пол, 185 се од женски, 227 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 10 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил,...

Мигрантите го пробија кордонот – полицијата возврати со шок-бомби

Група мигранти попладнево го пробиле кордонот на војската и полицијата на одредени места на македонско-грчката граница и сега се движат кон железничката страница во Гевгелија, јавува РТС. Репортерот на РТС јавува дека полицијата возвраќа со шок-бомби, а мигрантите на секои десеттина минути го пробиваат кордонот на местата каде има помалку полиција и војска. Во МВР засега немаат информации за нови инциденти...

Франција екстрадираше Македонец за кого има меѓународна потерници речиси 20 години

Француските власти, вчера по две и пол години екстрадициска постапка, го испорачаа 43-годишниот Миле Х. За кого во 1996 година е распишана меѓународна потерница за издржување на 20-годишна затворска казна за убиство извршено во јуни 1993 година во Скопје. МВР соопшти дека во швајцарската полиција во февруари 2012 година го уапсила Миле Х., при што преку меѓународна полициска соработка...

МВР: 826 мигранти влегле во земјава за 24 часа

Во изминатите 24 часа, до осум часот утринава издадени се потврди на вкупно 826 странски државјани, од кои 649 се мажи, 152 се жени, 163 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 25 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на...

Припадници на АРМ се распоредија на јужната граница

Припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ) попладнево се распоредија долж граничниот појас кај Гевгелија, каде има голем наплив на бегалци и мигранти кои сакаат да влезат во земјава, јавува „Телма“. Според информациите, на граничниот појас ќе патролираат мешани екипи на Армијата и на полицијата кои ќе бидат присутни на терен 24 часа. „Во моментот Армијата на Репбулика Македонија...

МВР за состојбата на границата: Се чека доаѓањето на припадниците на АРМ

Припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ) во текот на денот се очекува да им се приклучат на полициските екипи кои ја обезбедуваат јужната граница откако Владата завчера донесе одлука за прогласување на кризна состојба поради големиот наплив на мигранти. Како што соопштуваат од МВР, во земјава се дозволува влез на на лимитиран број илегални мигранти од поранливите категории кои...

Што значи кризна состојба, колку може да трае и што потоа?

Состојба предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на Републиката, за чија превенција или справување е потребна употреба на поголем обем на ресурси. Вака, според Законот за управување со кризи е дефинирана кризната состојба, која владата вчера донела одлука да се воведе на јужната и северната...

Мигрант тешко повреден во железничка незгода кај Куманово

Мигрант, чиј идентитет засега е непознат, бил тешко повреден во железничка незгода, што денеска претпладне се случила во кумановската населба Карпош. Според Министерството за внатрешни работи (МВР), несреќата се случила околу 10.30 часот, кога товарен воз, кој сообраќал на релација Табановце - Куманово, удрил во непознато лице, „најверојатно илегален мигрант кој во критична состојба е префрлен во Медицинскиот центар...

МВР: Ќе ги испитаме наводите на СДСМ за нелегално производство на тутун

Министерството за внатрешни работи, по соопштението на СДСМ, се огласи дека ќе ги испита наводите на партијата дека во атарот на село Могила, во Пелагонија и оваа година се одгледува крупнолисен тутун од типот Вирџинија, кој е забранет во Република Македонија. „Министерството за внатрешни работи ќе ги испита наводите на СДСМ за нелегално производство и продажба на тутун од типот...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...