Франција екстрадираше Македонец за кого има меѓународна потерници речиси 20 години

-

Француските власти, вчера по две и пол години екстрадициска постапка, го испорачаа 43-годишниот Миле Х. За кого во 1996 година е распишана меѓународна потерница за издржување на 20-годишна затворска казна за убиство извршено во јуни 1993 година во Скопје.

МВР соопшти дека во швајцарската полиција во февруари 2012 година го уапсила Миле Х., при што преку меѓународна полициска соработка која се одвивала со посредство на Интерпол во Берн, било потврдено дека уапсеното лице со податоци Зоран Т. роден 29.06.1966 година, всушност е Миле Х.

Во мај истата година тој побегнал од швајцарскиот затвор во Лозана, но три месеци подоцна, во август, е уапсен од страна на француската полиција во Авињон. Миле Х. имал повеќе лажни иднетитети, а се сомничи за повеќе кривични дела сторени на териториите на Франција и Швајцарија, како и дека бил дел од криминалната група позната под псевдонимот Пинк Пантер.

Миле Х. во 1993 година ја уби Мери Јошевска, а по убиството од нејзиниот стан украл неколку парчиња златен накит. Основниот суд Скопје 2 – Скопје го осуди на 20 години затвор.

По вчерашната екстрадиција тој е пренесен во затворот во Идризово.

Владата прогласи седумдневна жалост

Владата денеска одржа вонредна седница по трагичниот настан во  Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица и донесе одлука за прогласување на седумдневна жалост на територијата на целата држава. Седница...

Тошковски: Сопственикот на дискотеката „Пулс“ со мито добил лиценца за работа

Легална за лиценца за работа дискотеката „Пулс“ нема. Говорам за лиценци кои се во најмала рака фалсификувани лиценци, нелегални, издадени во 2024 година. Има сомнение дека се добивани на коруптивен начин....

Осомничени повеќе од 20 лица, меѓу нив и организаторите на настанот во кој загинаа 59 деца

Повеќе од 20 лица се осомничени, а 15 се наоѓаат во полициска станица во врска со трагичниот настан синоќа во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица. Министерот Панче Тошковски...

ЗНМ и СЕММ: Meдиумите да објавуваат проверени информации

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) изразуваат длабоко жалење до семејствата на жртвите и до настраданите во трагичниот пожар што се случи...

Владата прогласи седумдневна жалост

Владата денеска одржа вонредна седница по трагичниот настан во  Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица и донесе одлука за прогласување на седумдневна жалост на територијата на...