fbpx

За еден ден издадени се потврди на 1.210 мигранти

-

Во изминатите 24 часа се издадени вкупно 1.210 потврди на странски државјани, од кои 1.015 се од машки пол, 185 се од женски, 227 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 10 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.023, Ирак-66, Бангладеж–41, Пакистан-33, додека другите се во помал број.

„Во текот на денот не се регистрирани никакви посериозни инциденти, иако од страна на соседна Р. Грција, без никаква контрола, илегални мигранти се уште вршат притисок за влез во земјава“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...