fbpx
Таг: МВР

таг: МВР

Од јуни до денеска низ земјава поминале речиси 180.000 мигранти

Во последните 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 2.973 мигранти, кои од Грција влегле на територијата на земјава. Од нив најголем број се државјани на Сирија, вкупно 1.942 лица, од Авганистан се 549 и од Ирак 273 мигранти. Од стапувањето на сила на измените на Законот за азил и...

Трудница во петти месец од бременоста искрварела до смрт на Клиниката за гинекологија

Трудница во петтиот месец од бременоста починала од крварење на скопската клиника за гинекологија, јавува „Нова ТВ“. Настанот го потврдија од МВР, кои велат дека вчера, во 21 часот, од Клиничкиот центар добиле известување дека починала пациентка на 38-годишна возраст. Од Клиниката за гинекологија не го коментираат настанот, но за подоцна најавија соопштение за јавноста. Од Министерството за здравство, пак, велат...

Дисциплински мерки против 30 вработени во МВР

Во текот на октомври, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 30 решенија против 30 вработени во Министерството за внатрешни работи, поради сторени повреди во работењето. Притоа, на 22 вработени изречена им е парична казна, а осум вработени се писмено предупредени.

Две лица пријавени за исчезнати

Во Полициската станица во Аеродром, З.Д. (49) од Скопје, пријавил дека на 20 октомври, во 15 часот, од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка И.Д. (22). Во Полициската станица на Бит-пазар, З.Ќ. (30) од Скопје, пријавил дека на 23 октомври, во 10 часот, од непознати причини од дома во непознат правец се оддалечил неговиот татко З.Ќ. (62).  

МВР ја потврди експлозијата во Чаир

Засега непозната експлозивна направа експлодирала во непосредна близина на бетонска ограда од двор на куќа лоцирана на улица Никола Малешевски, информираат од МВР. Од настанатата експлозија нема повредени лица, причинета е само материјална штета, односно оштетување на прозорците од куќата, а оштетен е и автомобил марка „мерцедес“. Се преземаат мерки за целосно расчистување и за документирање на настанот. Некои медиуми информираа дека...

МВР купува чоколади за 77.000 евра

Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша тендер за набавка на чоколади за сума од околу 77.000 евра. Огласот, како што може да се види на електронскиот систем за јавни набавки, е објавен на 6 октомври, а заинтересираните фирми понудите можат да ги достават најдоцна до 26 октомври. Како што стои во огласот, предмет на јавна набавка се „чоколади по спецификација“, а...

За четири месеци низ земјава поминале речиси 162.000 мигранти

Во изминатите четири месеци, односно од почетокот на издавањето на потврдите за искажана намера за барање азил, до денеска, вакви документи им биле издадени на вкупно 161.692 мигранти, кои транзитирале низ територијата на земјава, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Изминатите 24 часа, потврди, според МВР, им биле издадени на вкупно 3.257 мигранти, од кои 1.569 се сириски државјани. Во истиот...

Поранешниот началник на СВР Штип, Ламановски, на местото на Котевски во МВР

Поранешниот началник на Секторот за внатрешни работи Штип, Јордан Ламановски, е новиот помошник-министер за односи со јавноста на Министерството за внатрешни работи (МВР), пишува „Утрински“ на својата интернет-страница. Ламановски доаѓа на местото на Иво Котевски, кој ја презеде функцијата директор на центарот за комуникации на владејчката ВМРО-ДПМНЕ. Новиот помошник-министер за односи со јавноста на МВР, Ламановски, во 2013 година беше назначен...

СДСМ: Трансферот на Котевски ја потврди партизираноста на МВР

Трансферот на Иво Котевски од помошник на министерот за внатрешни работи на челната позицијата во центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја потврди досегашната партизираност на МВР, реагираат од СДСМ. „Министерството за внатрешни работи во изминатиот период функционираше како партиска испостава на ВМРО-ДПМНЕ или како „МВРО-ВМРО“ по признанието на Гордана Јанкулоска. Причините за бегањето на Котевски од МВР пред...

За 24 часа издадени потврди на близу 3.000 мигранти

Во последните 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 2.909 мигранти, од кои најголем дел, односно 1.648, се сириски државјани. Со последната бројка на регистрирани мигранти, според податоците на МВР, од почетокот на издавањето на потврдите, на 19 јуни, досега низ земјава кон север, транзитирале вкупно 155.739 странски државјани. Најголем број...

Вчера издадени потврди на речиси 4.000 мигранти

Во последните 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 3.812 мигранти, кои влегле на територијата на земјава од Грција. Како што соопштуваат од МВР, најголем дел од мигрантите, односно 2.264, се државјани на Сирија. Во изминетите четири месеци, откако почнаа да се издаваат потврдите, според измените на Законот за азил и...

Вчера МВР издало потврди на повеќе од 3.000 мигранти

Во последните 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 3.184 мигранти, кои влегле на територијата на Македонија од Грција. Како што информираат од МВР, најголем дел од мигрантите, односно 1.744, се сириски државјани, 909 се од Авганистан, 322 од Ирак и 95 се државјани на Иран. Од 19 јуни, кога беа...

Грчки цариник со спреј оштетил регистарски ознаки на македонски камион

Македонски камионџија вчера на граничниот премин Богородица пријавил дека грчки цариник со спреј му ја оштетил задната регистерска табличка и ознаката „МК“ на товарното возило, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Според МВР, додека возачот на камионот службено бил на солунското пристаниште, при извршувањето на царинските формалности, службеник на грчката царина со син спреј ја испрскал задната регистарска табличка на...

За 24 часа издадени потврди на вкупно 2.555 мигранти

Министерството за внатрешни работи (МВР), потврди за искажана намера за барање азил, вчера издало на вкупно 2.555 мигранти, од кои најголемиот број се сириски државајни, соопшти МВР. Од почетокот на издавањето на потврдите, на 19 јуни, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита, до денеска, ваков документ им бил издаден на вкупно 145.834 странски државјани....

Вчера издадени потврди на вкупно 2.303 мигранти

Во изминатите 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 2.303 мигранти, со што бројот на странски државјани што добиле ваков документ, во изминатите четири месеци, изнесува 143.279 лица. Најголем број од нив, според податоците на МВР, се сириски државјани, или вкупно 99.903 лица, потоа од Авганистан (22.766), Ирак (10.186), Пакистан (3.547), Палестина...

Котевски: Приведени се неколку јатаци и изведени на суд

Голема полициска акција се одвива утрово за пронаоѓање соработници и поддржувачи на терористичката група инволвирана во случувањата во кумановско Диво Насеље. МВР акцијата ја спроведува во повеќе кумановски села, а ја проширува и во некои скопски, при што вклучени се големи полициски сили, како и хеликоптери. - Утринава почна обемна акција за пронаоѓање и за лишување од слобода лица, соработници и логистичари...

Полициска акција во Диво Насеље, се апсат соработници на терористите

Утрово се одвива голема полициска акција за пронаоѓање соработници и поддржувачи на терористичката група инволвирана во случувањата во кумановско Диво Насеље. МВР акцијата ја спроведува во повеќе кумановски села, а ја проширува и во некои скопски, при што вклучени се големи полициски сили, како и хеликоптери. Според првичните информации, биле приведени неколку лица и во согласност со надлежниот обвинител за гонење организиран криминал, уапсените веднаш...

За четири месеци низ Македонија поминале 137.290 мигранти

Министерството за внатрешни работи (МВР), во изминатите 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил издало на вкупно 2.531 мигрант, од кои, најголемиот број, односно 1.392, се државјани на Сирија. Од почетокот на издавањето на документите, со кои на мигрантите им се овозможува 72-часовен легален престој на територијата на Македонија, до денеска, низ земјава поминале вкупно 137.290 странски државјани....

Во Куманово синоќа запалени 11 возила

Ноќеска околу полноќ, на три локации во Куманово, биле запалени 11 возила. Градоначалникот, Зоран Дамјановски, изјави дека бил информиран од противпожарната единица дека пет од запалените возила биле на вработени во МВР. Полицијата околу 1 часот привела осомничено лице и се работи на целосно расчистување и на документирање на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Кадровски промени во СВР Тетово

Неваир Шабани е новиот началник на Секторот за внатрешни работи Тетово, а досегашниот, Фаредин Зенуни, замина на друга должност во Министерството за внатрешни работи. Кадровски промени се извршени и во други сектори во тетовската полиција. Началник на одделението за криминалистичка полиција е Берат Мустафи, кој на ова место го замени Муазам Халили. Нов командир на полициската станица за безбедност на...