fbpx
Таг: МВР

таг: МВР

Спасовски со нова телеграма ја дообјаснува претходната

Со нова телеграма, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги информирал вработените во МВР на што се однесува неговиот вчерашен допис со кој престанаа да важат овластувањата од поранешните министри за раководните лица во Министерството. „Во врска со телеграмата бр.131-60 од 12 ноември 2015 година, со која престануваат да важат овластувањата од министрите за внатрешни работи кои раководеле со Министерството за внатрешни...

За пет месеци издадени потврди на речиси 242.000 мигранти

Во последните 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 2.897 мигранти. Од нив, најголем број се државјани на Сирија, вкупно 1.351 лице, од Авганистан биле регистрирани 798 мигранти, 307 мигранти од Ирак и помал број од други земји. Од 19 јуни, кога почна издавањето на потврдите, заклучно со ноќеска на...

СДСМ: Одлуката на Спасовски е за да се спречат злоупотребите во МВР

Одлуката на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, дека престануваат да важат сите пренесени овластувања од министрите што раководеле со МВР од денот на изборот на новиот министер, е за да се спречат сите злоупотреби, велат од СДСМ. „Граѓаните слушнаа од проектот „Вистината за Македонија“ какви сè злоупотреби се правеле токму под Министерството за внатрешни работи, почнувајќи од незаконското прислушување, па...

Претставник на стечајците од КПК „Куманово“, осомничен за кражба на стока од фабриката

Секторот за внатрешни работи Куманово го сомничи 61-годишниот Ј.М., претставник на стечајните работници од Кожарско-преработувачкиот комбинат „Куманово“ АД Холдинг, за кражба на кожа и на кожени производи од магацинот на фабриката, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Претходно за истиот случај, пријави против непознато лице поднел стечајниот управник на кумановската фабрика. Осомничениот Ј.М., кому, како што информираат од МВР, му бил...

Спасовски ја презеде полициската фотелја од Чавков

Денеска во Министерството за внатрешни работи било извршено примопредавањето на должноста министер за внатрешни работи, соопштија попладнево од МВР. „Новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го презеде кабинетот од претходниот министер, Митко Чавков“, стои во соопштението. Спасовски денеска со мнозинство гласови во Собранието беше избран за министер за внатрешни работи.

Запленети три килограми марихуана и уапсени тројца членови на криминална група

Министерството за внатрешни работи (МВР) запленило околу три килограми марихуана и уапсило тројца членови на организирана криминална група, осомничени за трговија со дрога. Како што соопштуваат од МВР, кривични пријави се поднесени против пет лица, М.А. (32), А.А. (37) и К.М. (55) од Скопје, Ф.Т. (33) од Струга и Д.Б. (29) од Република Албанија. Двајца од членовите на групата се...

МВР вчера издало потврди на 4.444 мигранти

Во текот на изминатото деноноќие, Министерството за внатрешни работи издало 4.444 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Од нив, најбројни се државјаните на Сирија, 1.944, на Авганистан - 1.625 и на Ирак 496. Од 19 јуни досега издадени се вкупно 234.692 потврди на странски државјани, од кои 140.059 се лица од машки пол, 35.101 се од...

Пиштолот на Мијалков заглави во ненадлежности и во штури одговори

Од Јавното обвинителство за „Мета“ се прогласија за ненадлежни за случајот околу приведувањето и откривањето на пиштолот на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Оттаму упатуваат на „органите на државата на чија територија е сторено кривичното дело“. Пред речиси еден месец, Мијалков беше приведен откако му беше пронајден пиштол во куфер, со...

Двајца браќа осомничени за пукањето во хирургот во Клинички центар

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава против И.Н. (34) и против неговиот брат А.К.Н. (36) за вчерашниот вооружен инцидент во клиничкиот центар, во кој беше ранет абдоминалниот хирург Љубомир Огненовиќ. Според МВР, И.Н. се товари за обид за убиство и за недозволено држење оружје или распрскувачки материи, а неговиот брат А.К.Н., според кривичната пријава, е осомничен за соизвршителство, насилство...

Во последните 24 часа издадени потврди на вкупно 5.337 мигранти

Министерството за внатрешни работи, во последните 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил издало на вкупно 5.337 мигранти, кои на територијата на земјава влегле од Грција. Според државјанството на лицата, на кои вчера им биле издадени потврди, најбројни се мигрантите со потекло од Сирија, вкупно 3.196 луѓе, потоа од Авганистан (763) и од Ирак (779). Во периодот од 19...

За убиството на младиот радовишанец осомничен негов братучед

Полицијата го расчистила убиството на 26-годишниот Јашар Р., чие безживотно тело во четвртокот минатата недела беше пронајдено во куќа во Радовиш, соопшти Министерството за внатрешни работи. Кривична пријава е поднесена против Д.С. (28) од Прилеп, братучед на убиениот, кому судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од 30 дена. Според МВР, убиството се случило минатиот понеделник (2 ноември), а причина било...

Во последните 24 часа, издадени потврди на вкупно 3.673 мигранти

Во последните 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 3.673 мигранти, кои влегле на територијата на земјава од Грција. Од нив најголем број се сириски државјани, вкупно 2.175, потоа од Авганистан (788) и од Ирак (428). Од почетокот на издавањето на потврдите, на 19 јуни оваа година, кога стапија на сила...

Вооружен инцидент во Клиничкиот центар во Скопје

Утрово во Клиничкиот центар во Скопје се случил вооружен инцидент. Според неофицијални информации, во инцидентот имало повредени лица, односно бил ранет лекар од абдоминална хирургија, а во него, наводно, стрелал незадоволен пациент. Полицијата привела две лица, но од МВР нема потврда на информацијата. Влезот во болницата бил забранет и имало зголемено присуство на полицијата и на специјалните сили. Од Секторот за внатрешни работи Скопје...

Спасовски: Нема да има големи кадровски промени во МВР

„Вработените во Министерството за внатрешни работи да бидат релаксирани, затоа што во полицијата нема да вршам големи кадровски промени“, вети денеска кандидатот за прв човек на полицијата од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски, при посетата на Општина Гостивар, каде оствари средба со граѓани во неколку населби. - Мојата и целта на СДСМ не ни е да владеме заедно со Груевски...

Српската полиција уапси осомничен за терористички напади во Македонија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, денеска соопшти дека во четири одделни полициски акции, уапсени се двајцата најголеми водачи на нарко-банди во Србија, пресечен е најголемиот синџир за шверцување оружје на територијата на Србија и на Франција, а дека е уапсен и осомничениот Б.Б. за терористички напади во Македонија. Стефановиќ на прес-конференција изјави дека, на граничниот премин Брњак, врз основа...

Вчера издадени потврди на вкупно 932 мигранти

Во последните 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 932 мигранти, кои на територијата на земјава влегле од Грција. Од 19 јуни, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита, заклучно со денеска, според податоците на МВР, потврди им биле издадени на вкупно 215.275 мигранти. Од...

Притворен скопски дилер на дрога

Единицата за недозволена трговија со дрога на скопската полиција поднела кривична пријава против 27-годишниот З.С., кој се товари за продажба на синтетички дроги и за неовластено изработување, поседување и тргување со оружје и со распрскувачки материи, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Судија на претходна постапка на осомничениот му одредил мерка притвор од 30 дена. Како што информираат од МВР, по...

МВР вчера издало потврди на 3.687 мигранти

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на 3.687 странски државјани. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврдите, најбројни се државјаните на Авганистан 1.733 и на Сирија 1.544. Од 19 јуни, издадени се потврди на вкупно 211.592 странски државјани, од кои 135.907 на...

МВР вчера издало потврди на речиси 4.000 мигранти

Министерството за внатрешни работи (МВР), во изминатите 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил им издало на вкупно 3.965 мигранти, од кои најголем дел, односно 2.144 се сириски државјани. Од 19 јуни, кога МВР почна со издавањето на потврдите, заклучно со денеска, вакви документи им се издадени на вкупно 207.905 мигранти, кои поминале низ територијата на земјава. Од нив,...

Вчера издадени потврди на вкупно 3.702 мигранти

Вчера, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 3.702 мигранти, кои на територијата на земјава влегле од Грција. Најголем број од вчера регистрираните мигранти се сириски државјани, вкупно 2.313 лица, од Авганистан се 961 лице и од Ирак се 177 луѓе. Од средината на јуни, кога стапија на сила измените на Законот за...

Превртени кошеви и искршени седишта – институциите си префрлаат вина за руинираната спортска сала на УКИМ

Уште во далечната 2006 година на студентите при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) им беше ветена најмодерна спортска сала, која дури по 11 години - во 2017, се...