fbpx

Во последните 24 часа издадени потврди на вкупно 5.337 мигранти

-

Министерството за внатрешни работи, во последните 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил издало на вкупно 5.337 мигранти, кои на територијата на земјава влегле од Грција.

Според државјанството на лицата, на кои вчера им биле издадени потврди, најбројни се мигрантите со потекло од Сирија, вкупно 3.196 луѓе, потоа од Авганистан (763) и од Ирак (779).

Во периодот од 19 јуни, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита, до денеска, според податоците на МВР, вакви документи им се издадени на вкупно 230.248 странски државјани. Од нив најголем број, односно 146.121 се сириски државјани, од Авганистан се 48.716, Ирак (17.969), Пакистан (4.822), Иран (4.522), Палестина (1.918), Сомалија (1.181), Бангладеш (1.054), Мароко (572), Конго (509), Алжир (329), Либан (335) и од Нигерија (273).

Според МВР, во текот на вчерашниот ден, до Одделението за азил не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил, со што вкупниот број на мигранти кои побарале да останат во земјава сè уште изнесува 70 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.