fbpx

МВР вчера издало потврди на 4.444 мигранти

-

Во текот на изминатото деноноќие, Министерството за внатрешни работи издало 4.444 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од нив, најбројни се државјаните на Сирија, 1.944, на Авганистан – 1.625 и на Ирак 496.

Од 19 јуни досега издадени се вкупно 234.692 потврди на странски државјани, од кои 140.059 се лица од машки пол, 35.101 се од женски, 47.674 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, а 11.858 се деца кои патуваат без родител.

Во последните 24 часа до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од почнувањето на издавањето на потврдите до 10 ноември годинава, до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...