fbpx

Бегалци во Чешка почнаа штрајк со глад

-

Повеќе од 40 бегалци, кои се во притвор во Драхоњицам, на западот на Чешка, и чекаат депортација, синоќа почнале штрајк со глад, во страв дека чешките власти ќе ги депортираат во Ирак, а исто така бараат властите да престанат да ги држат во притвор подолго од 90 дена.

– Се исплашија дека ќе бидат вратени во земјите од кои потекнуваат. Тој ден, околу 40 имигранти, во рамките на спогодбата од Даблин, беа вратени во друга европска земја. Тие што останаа во центарот се исплашија дека ќе бидат депортирани, но во земјите од кои потекнуваат – рече за чешкото радио „Радиожурнал“, министерот за внатрешни работи, Милан Хованец.

На бегалците им е објаснето дека имигрантите, според спогодбата од Даблин, не се вратени во своите родни земји, туку во Австрија, од каде дошле во Чешка, додека за другите продолжува поединечната постапка за депортација.

Сепак, тоа не ги смирило бегалците, па од 44, претежно Ирачани, утрово 28 го продолжиле штрајкот со глад.
Микулаш Вимњетал, свештеник на евангелистичката црква, кој во Драхоњицам им помага на бегалците, за чешкото радио изјави дека некои од бегалците си ги исекле вените, додека други почнале штрајк со глад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...