fbpx

Во последните 24 часа, издадени потврди на вкупно 3.673 мигранти

-

Во последните 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 3.673 мигранти, кои влегле на територијата на земјава од Грција.

Од нив најголем број се сириски државјани, вкупно 2.175, потоа од Авганистан (788) и од Ирак (428).

Од почетокот на издавањето на потврдите, на 19 јуни оваа година, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита, заклучно со вчерашниот ден, според МВР, вакви документи им се издадени на вкупно 224.911 мигранти.

Според државјанството, најбројни се мигрантите со потекло од Сирија, односно 142.925 лица, потоа од Авганистан (47.953), Ирак (17.190), Пакистан (4.749), Иран (4.335), Палестина (1.873), Сомалија (1.117), Бангладеш (1.035), Конго (508), Мароко (469), Алжир (307), Либан (292) и од Нигерија (268).

Според податоците на МВР, засега нема промени во бројот на мигранти што побарале азил во земјава. Од јуни досега, да останат во Македонија побарале 70 странски државјани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...