СДСМ: Рекордно ниско ниво на странски инвестиции во земјава

-

Податоците на Народна банка покажуваат катастрофално ниско ниво на странските инвестиции во Македонија, велат од СДСМ во соопштение испратено до јавноста.

– Според Народна банка, во јуни и во јули оваа година, странските инвестиции во Македонија биле на рекордно најниско ниво во цела Европа, дури и зад најмладата држава на Балканот, Косово. Овие поразителни податоци покажуваат дека погрешните политки на Никола Груевски ги бркаат странските инвеститори од земјава. Народна банка го демантираше во целост Никола Груевски, кој секојдневно се расфрла со наводни инвестиции. Никола Груевски ветуваше милијарди евра инвестиции во Македонија. Излажа. Груевски живее во нереален, имагинарен свет – велат од СДСМ.

Тие посочуваат дека типичен пример за тоа е авантурата со контроверзниот бизнисмен Субрата Рој.

– Груевски најави инвестиција поголема од 200 милиони евра во агрокомбинатот Џумајлија и заедно со Субрата Рој ветија повеќе од 20.000 крави. Ова никогаш не се реализираше, а Субрата Рој заглави по индиските судови за сомнителни зделки – посочуваат од опозицијата.

Тие истакнуваат дека од Македонија заминеле 626.312 граѓани, наголем број високообразовани млади луѓе.

– Повеќе од 180.000 граѓани во Македонија едвај преживуваат со 40 денари на ден. Македонија е 12. земја по беден живот од 180 земји во светот. Повеќе од 10.000 фирми се затворени, а секоја трета е со блокирана сметка – се вели во соопштението на СДСМ.

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа свеќи и...

Студентите во Белград оддадоа почит на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани

Група студенти и граѓани на Белград денес се собраа пред зградата на амбасадата на Македонија, за да им оддадат почит на настраданите во дискотеката во Кочани. Собраните положија цвеќе, запалија свеќи...

НУНС: Недопустливо е бесрамното искористување на жртвите од трагедијата за лична промоција

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ вчера во придружба на поголем број новинари, сниматели и фоторепортери ги посети државјаните на Македонија кои се повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, а...

Погребот на жртвите во Кочани ќе биде в четврток

Лицата кои го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе бидат погребани во четврток, информираше денеска директорот на Центарот за упрвување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој кажа дека на...

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа...