fbpx

МВР вчера издало потврди на 3.687 мигранти

-

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на 3.687 странски државјани.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврдите, најбројни се државјаните на Авганистан 1.733 и на Сирија 1.544.

Од 19 јуни, издадени се потврди на вкупно 211.592 странски државјани, од кои 135.907 на државјани на Сирија, потоа на Авганистан – 44.081, на Ирак – 16.188, на Пакистан – 4.465, на Иран – 3.770, на Палестина – 1.751, на Сомалија – 1.080, додека другите се во помал број.

Во изминатото деноноќие, до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од почнувањето на издавањето на потврдите до вчера, до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Утре ќе сообраќаат автобусите по неделен возен ред, а жичницата нема да работи

Утре, за време на двојните претседателски и парламентарни избори, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата до врвот на Водно нема да работи. Дежурни ќе бидат билетарниците на...