fbpx
Таг: кредити

таг: кредити

Банкарските институции се договорија за одложено плаќање на ратите на сите кредити за граѓаните и за компаниите

Поради вонредната состојба со корона вирусот, банкарските институции решија да им излезат во пресрет на граѓаните и на компаниите кои имаат кредитни задолжувања во банките и во штедилниците, од секаков вид. Тие ќе добијат можност за одложено плаќање на ратите, при што банките и штедилниците на граѓаните и на фирмите им нудат повеќе поволности. Тие се: одложување, односно грејс-период...

На полноќ старт на 5,7 милиони евра бескаматни кредити за микро, мали и средни фирми

Од полноќ започнува аплицирањето за првата бескаматна линија кредити како поддршка на микро, мали и средни компании во справувањето со последиците од корона вирусот. Директорот на Развојната банка на Република Македонија, Кире Наумов, на прес конференција посочи дека првите 5,7 милиони евра бескаматни кредити како директна помош за микро, мали и средни претпријатија од полноќ ќе им бидат достапни...

Во банките чуваме 6,6 милијарди евра, а користиме кредити од 5,5 милијарди евра

Во очекување на одговор на прашањето на какви чекори ќе се одлучат  банките за амортизирање на ефектите од појавата на корона вирусот врз семејните буџети и работата на компаниите најновите податоци на Народната банка откриваат во каква кондиција се наоѓа монетарниот сектор во земјава. Домашите банки заклучно со февруари годинава имале вкупни депозити од 6,6 милјарди евра и имале издадено...

Владата ќе бара над 580 милиони евра од странски банки и фондови за справување со корона кризата

Министерката за финансии Нина Ангеловска информираше дека владата наредната недела ќе обезбеди над 580 милиони евра од странски банки, Меѓународниот монетарен фонд и од Светската банка за одржување на ликвидноста на буџетот и за гарантирање на одржувањето на работните места во земјава. Владата на вчерашната седница го усвоила планот на Министерството за финансии во делот на задолжувањето и финансирањето...

Австриски „Страбаг“ ќе ја гради и втората фаза од експресниот пат Штип – Радовиш

Јавното претпријатие за државни патишта ја заврши постапката за избор на изведувач за втората фаза од изградбата на експресниот пат Штип - Радовиш, со должина од 16,9 километри. Австриската компанија „Страбаг“ е избрана како најповолен понудувач со доставената понуда од 14,9 милиони евра. Станува збор за трасата од клучката Три чешми кај Штип до мостот на реката Брегалница и...

Мицкоски предизборно ветува авион до Америка и автопат до Битола

Автопат Велес - Битола, експресен пат Куманово - Крива Паланка, експресен пат Битола - Меџитлија, експресен пат Струмица - граница со Бугарија се само дел од предизборните ветувања на опозициската партија ВМРО - ДПМНЕ, кои денес беа изложени од нејзиниот претседател Христијан Мицкоски. Како и пред секои избори до сега, ветувањата на политичарите добиваат небесни димензии овој пат и...

Зголемена побарувачка за станбени, намален интерес за потрошувачки кредити

Околу една третина од банките укажуваат на зголемување на побарувачката за станбени кредити во последното тримесечје од минатата година, за разлика од претходните три месеци кога банките сигнализирале намалување на интересот за овој вид кредити, покажува најновата анкета на Народната банка за кредитната активност на банките. Кај потрошувачките кредити се забележува намалување на нето-побарувачката. Во четвртото тримесечје од 2019 година се...

Аеродромскиот воз е приоритетен кај транспортните проекти за кои ќе бараме средства од ЕУ

Министерството за транспорт и врски го стави како приоритетен проектот за воведување на железничка врска од Транспортниот центар до Меѓународниот аеродром Скопје на листата на проекти за кои во иднина ќе бараме поддршка од ЕУ и од другите меѓународни финансиски институции. Од ова министерство за „Мета.мк“ велат дека во втората половина на 2019 година до Секретаријатот за Европски прашања...

Распишан тендерот за проширување на паркот на ветерни електрани кај Богданци

Отпочнува реализацијата на втората фаза од проектот за изградба на Парк на ветерни електрани кај Богданци. На 29 јануари беше објавен повикот за претквалификација за избор на компании за набавка и изведба на ветерните турбини и за изградба на пристапните патишта и кабловската мрежа, информираат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Во втората фаза од овој проект ќе се изврши...

Пораст на потрошувачките, станбените и автомобилските кредити

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити во декември, минатата година е забележан месечен пораст од 1,3 отсто и 2 отсто, како и годишен пораст од 14,6 отсто и 12,7 отсто, покажуваат најновите податоци на Народната банка. „Автомобилските кредити во декември забележаа месечен и годишен раст од 1,6 отсто и...

Изградени 64 отсто од пругата Куманово – Бељаковце до крајот на 2019 година

Се интензивира изведбата на градежните работи на првата фаза од проектот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија. До крајот на годинава, изградени се 64 отсто од пругата Куманово - Бељаковце со должина од 30,8 километри, информираат од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“. - Интензитетот на изградба се зголеми во втората половина на оваа година и очекуваме до...

За анализа, проект и финансирање на „автобуско метро“ ќе треба најмалку три години

Изработката на физибилити студијата за изводливоста од воведување на брзиот автобуски систем (БРТ) во Скопје, како и изготвувањето на целокупната проектна документација, ќе бара подолг временски период пред реалното воведување на новото средство за јавен превоз во главниот град. Владата го задолжи Министерството за финансии да ја започне постапката за прибирање средства за изработка на физибилити студијата, како и...

Пречистителната станица за отпадни води за Скопје ќе почне да се гради в година

Владата на вчерашната седница го усвои и го проследи до Собранието законот со кој се обезбедуваат финансиски средства за изградба на Пречистителната станица за отпадни води во Скопје. За реализацијата на овој инфраструктурен зафат ќе се обезбедат 68 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ), 58 милиони евра од Европската банка за обнова и развој и неповратни средства од...

Со камери и електронски знаци ќе се намалува бројот на сообраќајки на Коридорот 10

Македонија е на сериозен пат да го воведе Интелигентниот транспортен систем (ИТС) на автопатот долж Коридорот 10. Министерството за транспорт и врски веќе ја изработи проектната документација за новиот систем, а државата подигна и заем кај Светската банка за реализација на проектот. Ќе бидеме едни од првите во регионот со комуникациско - информацискиот систем за контрола и управување на...

Конкуренцијата ги тера банките да ги намалуваат каматите на кредитите

Олеснување на кредитните услови за граѓаните има во третото тримесечје од 2019 година, кое е поизразенo во споредба со претходните три месеци, покажуваат податоците од најновата анкета за кредитната активност на Народната банка. Од факторите коишто предизвикуваат промена на условите за одобрување кредити, конкуренцијата од другите банки и натаму е фактор со најизразено влијание врз олеснувањето на условите за одобрување...

Анализа: „Плиток џеб“ – длабоки кредити во банките!

Граѓаните се потешко ги отплаќаат кредитите, особено потрошувачките и станбените. По основ на сите видови кредити, домаќинствата кон банките во јули должеле 2,66 милијарди евра. Растот на нефункционелните кредити на компаниите е со забавена динамика а најмногу доминираат кај фирмите од трговијата и од градежиот сектор, се вели во неделната економска анализа на „Порталб.мк“. Дури 40 проценти од кредитите одборени на...

Со 2,3 милиони евра ќе се поправаат грешките во проектот за автопатот Кичево – Охрид

Градежниот институт Македонија (ГИМ) ќе го врши препроектирањето и допроектирањето на утврдените пропусти и недостатоци во проектната документација за автопатот Кичево - Охрид. Како што се наведува во објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки, Јавното претпријатие за државни патишта издвоило околу 2,3 милиони евра за докомплетирање на проектната документација, со што се отвора вратата за довршување на...

Завршувањето на пругата Куманово – Бељаковце одложено за догодина

Ново одложување на завршувањето на изградбата на првата фаза од проектот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Наместо до крајот на годинава, довршувањето на градежните работи на пругата Куманово - Бељаковце ќе се пролонгира до 2020 година. - Бидејќи во тек на градба се јавија одредени недостатоци во проектот, потребно беше време тие да се надминат за да продолжиме...

Граѓаните навалија на потрошувачки, станбени и автомобилски кредити

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, забележаа месечен пораст од 1,4 отсто и 1,5 отсто додека годишниот пораст изнесува 12,1 отсто односно 13 отсто, покажуваат најновите податоци на Народната банка за монетарните движења во јули, годинава. „Кај автомобилските кредити, овој месец е евидентиран месечен и годишен пораст од 1,4 отсто...

Експанзија на „легалната“ лихва на грбот на граѓаните: експрес-кредити без камата но со највисоки трошоци

Финансиските друштва за експрес-кредити во последните години се во голема експанзија и покрај критиките во јавноста дека, иако често пати се рекламираат дека не наплаќаат камата, сепак наплаќаат убедливо највисоки трошоци на пазарот, односно многу поголеми од тие на банките. Тоа го констатира и Народната банка. „Активностите на финансиските друштва опфаќаат „брзо“ одобрување кредити на мали износи, но со исклучително...