fbpx

Пораст на потрошувачките, станбените и автомобилските кредити

-

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити во декември, минатата година е забележан месечен пораст од 1,3 отсто и 2 отсто, како и годишен пораст од 14,6 отсто и 12,7 отсто, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

„Автомобилските кредити во декември забележаа месечен и годишен раст од 1,6 отсто и 1,4 отсто, соодветно. Кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 0,3 отсто и 2,6 отсто, на месечна и на годишна основа, соодветно. Кај негативните салда на тековните сметки е евидентиран месечен и годишен пад од 13,2 отсто и 1,7 отсто, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи, овој месец, се пониски на месечно и на годишно ниво за 0,4 отсто и 10,6 отсто, соодветно“, соопшти Народната банка.

 

Вкупните депозити, во декември бележат месечен и годишен пораст од 3,4 и 9,5 отсто. Месечното и годишното зголемување е резултат на растот на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“.

Во декември, вкупните кредити се зголемени за 1,9 отсто во споредба со претходниот месец, како резултат на порастот на кредитирањето на двата сектора, при поголем придонес на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити се повисоки за 6 отсто, во услови на поголем пораст на кредитирањето кај секторот „домаќинства“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...