fbpx

Анализа: „Плиток џеб“ – длабоки кредити во банките!

-

Граѓаните се потешко ги отплаќаат кредитите, особено потрошувачките и станбените. По основ на сите видови кредити, домаќинствата кон банките во јули должеле 2,66 милијарди евра.

Растот на нефункционелните кредити на компаниите е со забавена динамика а најмногу доминираат кај фирмите од трговијата и од градежиот сектор, се вели во неделната економска анализа на „Порталб.мк“.

Дури 40 проценти од кредитите одборени на домаќинствата се концентрирани кај домаќинства кои располагаат со нето плата од 400 евра, односно граѓаните со примања на ниво на просечна плата доминираат кај потрошувачките кредити.

„Овој процент е уште повисок кај потрошувачките кредити и кредитите наменети за финансирање на потрошувачката на физичките лица и изнесува околу 50 проценти, додека кај станбените кредити е на пониско ниво (16,6 проценти). Сепак, оваа категорија кредитокорисници имаат најниска просечна задолженост по домаќинство“ – се наведува во најновиот извештај на Народна банка за банкарскиот сектор во 2019 година.

На крајот на јули, домаќинствата по сите кредитни основи во банките должеле 2,66 милиони евра. Анализите покажуваат дека кредитната поддршка на банките кон компаниите е во постојан раст кој се оценува како стабилен, но сепак Народната банка упатува на извори на ризици.

По цела година надолен тренд – регистриран е пораст на вкупните нефункционални кредити на приватниот сектор кој ги опфаќа домаќинствата и компаниите. Намалените каматни стапки но и значително намалениот износ на отпишани нефункционални кредити се главните причини поради кои салдото на проблематични и спорни долгови прикажа пораст.

На годишно ниво нефункционалните кредити на домаќинствата прикажаа раст од 7,6 проценти или за 2,4 милиони евра повеќе на почетокот од 2019 година. Оваа состојба со граѓаните неминовно се одрази и врз салдото на вкупните нефункционални кредити на годишно ниво.

Банкарите велат дека на истекот од оваа календарска година условите за кредитирање, особено за домаќинствата се со натамошен тренд на олеснување и дека  следните месеци се очекува натамошен пораст на побараувачката на кредити.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...