Таг: ЕУ

таг: ЕУ

Судството и владеењето на правото на стаклени нозе во европскиот извештај

Не беше постигнат напредок. Со ваква реченица Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава ја оценува борбата против корупцијата во Македонија. Се критикува и работата на Судскиот совет, но и застарувањата на судските случаи како последица на измените во Кривичниот законик. „Корупцијата останува распространета во многу области и ова прашање е загрижувачко. Се зголемија одложувањата и пресвртите на судењата...

ЕК препорачува почеток на преговорите со Молдавија и Украина, членките треба да одлучат

Европската комисија предлага отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија, но останува во декември Европскиот совет, односно самите земји-членки на ЕУ да одлучат дали овие две земји ќе отпочнат со преговорите. За ова денеска информираше претседателката на Европската kомисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Брисел. Фон дер Лајен дополни дека ЕК му препорачува на Европскиот совет...

Јутјуб ќе ги оневозможува „ад-блокерите“, законите за приватност на ЕУ може да го спречат

Додека Јутјуб ги заострува ограничувањата на блокаторите на реклами, поборниците за заштита на приватноста во ЕУ тврдат дека европските закони може да ги сопрат овие обиди на платформата. Јутјуб во јуни започна да го тестира блокирањето на таканаречените „ад-блокери“, за подоцна да ги зголеми ваквите напори. Тоа значи дека повеќе корисници со овозможени блокатори на реклами во своите прелистувачи не...

Македонските градоначалници премногу зафатени за да ги слушнат препораките на европските делегати

Единаесет делегати од ЕУ денеска во Скопје присуствуваа на седницата на европскиот Комитет за региони, а скопските градоначалници не беа доволно заинтересирани за она што тие имаа да го кажат. Делегатите испратиле силни пораки за улогата на локалните власти, како и препораки за решавање на проблемот со источниот сосед, но за жал, пораките немало кој да ги слушне. Како што пренесува...

Бербок: Проширување на ЕУ е неопходно, Путин сè уште се обидува да создаде поделби

Рускиот претседател Владимир Путин „ќе продолжи да се обидува да ископа империјален ров во Европа, со кој од нас треба да ја одвои не само Украина, туку и Молдавија, Грузија и Западен Балкан“, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, пренесе германската новинска агенција ДПА. Ако Русија трајно ги дестабилизира овие земји, „тоа ќе нè направи сите нас ранливи...

Започна втората кампања за промовирање на вакцинацијата „од врата до врата“

Од денеска започна втората широка кампања за промовирање на имунизацијата што Министерството за здравство ја реализира заедно со Светската здравствена организација (СЗО) и со финансиска поддршка на ЕУ, информираа од ова министерство. Од таму велат дека 30 тимови од медицински лица од тимовите за имунизација во здравствените домови во државата ќе одат „од врата до врата“, односно ќе ги посетуваат...

Средба Вучиќ-Фон дер Лајен: Предуслов за членството на Србија во ЕУ е признавањето на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ по денешната средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен призна дека Србија на патот за членство во ЕУ има две пречки - прашањето за признавањето на Косово и воведувањето на санкции на Русија, пренесува Радио-телевизија Србија. „Во секој случај тоа се два големи проблеми. Се разбира, останува и понатаму да се спроведуваат реформи...

Европејците со здружени сили во развојот на вештачката интелигенција

Германија, Франција и Италија сакаат да соработуваат поблиску во вештачката интелигенција на начин што Европа ќе може поефикасно да се натпреварува со САД и Кина, пишува германската новинска агенција ДПА.  Министрите за економија на трите најголеми економии во ЕУ - Роберт Хабек, Бруно Лемер и Адолфо Урсо - во Рим вчера предупредија на силната регулација на вештачката интелигенција во рамките...

Посетата на фон дер Лајен – реплика на пораките од Тирана

Станува веќе традиција пред објавувањето на годишниот пакет за проширувањето претседателката на Комисијата да го обиколи регионот на Западниот Балкан. Оваа година тоа се случува непосредно по одржувањето на Самитот на Берлинскиот процес во Тирана. Она што оваа есен како „крупен залак“ го носи во регионот највисоката претставничка на Европската комисија е новиот План за раст на Западниот Балкан. Барем...

Инстаграм и Фејсбук од утре воведуваат месечна претплата со која нема реклами

Компанијата „Мета“ лансира платена претплата, со која ги отстранува рекламите од своите социјални мрежи Инстаграм и Фејсбук. Услугата од утре, 1 ноември, ќе биде достапна за земјите кои се дел од Европската унија (ЕУ), Европската економска област (ЕЕА) и Швајцарија. Услугата за социјални мрежи без реклами ќе се наплаќа 9,99 евра месечно за веб-верзиите на платформите и 12,99 евра месечно за...

Фон дер Лајен во Скопје посети и фабрика за преработка на зеленчук и овошје

Компанијата „Џанвики ДОО“ е најголемиот ИПАРД проект во земјава, која како мал семеен бизнис од фондовите на ЕУ била поддржана со околу 2,3 милиони евра. Оформената фабрика за преработка на зеленчук и овошје во Скопје денеска ја посетија претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и премиерот Димитар Ковачевски, информираат од владината прес-служба. Овој индустриски капацитет преку претпристапната помош...

Фон дер Лајен пристигна во Скопје „во клучен момент за евроинтегративниот процес“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен попладнево пристигна во Скопје, од каде ја започнува својата четиридневна посета на Западен Балкан. На Меѓународниот аеродром Скопје ја пречека вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој на својата страница на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека посетата на претседателката на Европската комисија е позитивен сигнал за европската перспектива на регионот и е...

Претседателката на Европската комисија фон дер Лајен денеска пристигнува во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен попладнево ќе пристигне во официјална посета на земјава и од овде ќе ја започне својата четиридневна посета на Западен Балкан. Фон дер Лајен вечерва ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, од чиј кабинет најавија дека приемот на претседателката на Европската комисија е закажан за во 18 часот и 45 минути. За утре...

Мицкоски, кој не е поканет на средба со Фон дер Лајен, од посетата очекува безусловен почеток на преговори

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека очекува од посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен таа да излезе со позиција дека Македонија ќе добие безусловен почеток на преговорите со ЕУ. „Ценам дека на тој начин ќе се оддаде признание и на државата и на граѓаните за сето она што го направија изминатите 23 години, ќе...

Започнаа мировни преговори за Украина во Малта, Русија не е присутна

Денес во малта започна трета рунда на мировни преговори за војната во Украина. Присутни се претставници од повеќе од 50 земји, но не и од Русија. Москва го нарече настанот „бесрамно анти-руски“, известуваат Гардијан. Претседателот на Украина Володимир Зеленски има план со десет точки за како да се сопре војната. Неговиoт план за мир ја повикува Русија да ја повлече...

Ако се мери по тоа колку ѓубре правиме, Македонија веќе може да биде членка на ЕУ [инфографик]

Македонија може да стане полноправна членка на ЕУ, барем ако се земе во предвид критериумот за тоа колкаво количество на ѓубре создаваме на национално ниво. Земјава со 452 килограми создаден комунален отпад по глава на жител во 2021 година е конкурентна со европските земји и е блиска со просекот на ЕУ, каде истата година биле создадени 527 килограми по...

Рекорден раст на создадениот отпад од пакување во ЕУ

Отпадот од пакување, вклучително и оној создаден од испораките на храна и други купувања преку Интернет, достигна рекордно високо ниво во Европската унија, објави вчера Евростат, пишува германската новинска агенција ДПА. Во 2021 година, секој човек што живее во ЕУ создал во просек по 188,7 килограми отпад од пакување, што е зголемување за 10,8 килограми по лице во споредба со...

За 2025 година одложена имплементацијата на системот ЕТИАС за влез во ЕУ

Европската Унија (ЕУ) повторно го одложи почетокот на имплементацијата на Европскиот систем за информации и овластувања за патување (ЕТИАС), кој е наменет за граѓани кои не се земји-членки на Унијата, а сакаат да влезат во ЕУ. Имплементацијата на системот ЕТИАС е одложено за првата половина од 2025 година, соопштија денеска од ЕУ, пренесува Си-ен-ен. Откога ќе биде лансиран системот ЕТИАС,...

Германија ќе ја извести ЕУ за почетокот на гранични контроли со Чешка, Швајцарија и Полска

Германија се подготвува за планот за воведување на фиксни гранични контроли на премините со Полска, Чешка и Швајцарија, владини извори ја брифирале ДПА во понеделникот, известува германската новинска агенција ДПА. Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер ќе ја извести Европската комисија за плановите, кои ќе значат возможно воведување на полициски контроли директно на границата меѓу Германија и нејзините три...

Шолц: Западен Балкан мора побрзо да влезе во ЕУ

На самитот на земјите од Западен Балкан, германскиот канцелар Олаф Шолц уште една повика на што побрзо пристапување на шесте држави во Европската Унија, пишува германската новинска агенција ДПА.  „За мене нема сомнеж дека 20 години откако е ветено пристапувањето на овие земји, тоа наскоро мора и да се случи“ рече Шолц вчера во Тирана. Станува збор за Албанија, Босна...

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...