Таг: ЕУ

таг: ЕУ

ЕУ го објави планот за забрана на 12.000 хемикалии опасни по човекот и природата

До 12.000 најразлични супстанции би можеле да се вклучат во опсегот на новиот „патоказ за ограничувања“ на Европската Унија како најголема во историјата забрана за хемикалии, јавува весникот Гардијан. Илјадници потенцијално штетни хемикалии наскоро би можеле да бидат забранети во Европа со новите ограничувања, кои активистите ги поздравија како најсилни досега. Претходно оваа година, научниците рекоа дека хемиското загадување ја преминало...

Османи денеска во Берлин, утре на средби во Софија за деблокирање на почетокот на преговори со ЕУ

Набиена дипломатска агенда на министерот за надворешни работи Бујар Османи со фокус за деблокирање на почетокот на преговори на земјава со ЕУ. Османи денеска ќе престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе има средба со државната министерка на Сојузна Република Германија надлежна за Европа, Ана Лирман, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР). За време на посетата,...

И покрај ЕУ санкциите, руски државен авион ја прелета Бугарија и слета во Белград

Руски државен авион Иљушин ИЛ-96-300, на специјален лет од Сочи, долета денеска претпладне во Белград преку Бугарија, иако оваа земја уште во февруари званично го затвори својот воздушен простор за руски авиони, јави телевизијата Н1. Авионот од Сочи, Русија полетал околу 8 часот наутро а на белградскиот аеродром слетал околу 9.30 часот, пренесува телевизијата податоци од веб-сервисот flightradar24.com. Авионот потоа...

Бугарскиот премиер со најава за кревање на ветото, но и за Македонија во ЕУ „најрано за 10 години“

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, навести дека неговата земја би можела да го крене ветото за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ за полноправно членство, но и дека во текот на преговорите Бугарија ќе поставува услови. Петков е убеден дека Северна Македонија ќе влезе во ЕУ најрано за 10 години. Во големото велигденско интервју за бугарската телевизија бТВ,...

Владата ќе ги одземе ингеренциите на општина Свети Николе за регионалната депонија во Мечкуевци

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) ја започна процедурата за одземање на ингеренциите на Општина Свети Николе за проектот за изградба на регионална депонија во Источен и Североисточен плански регион. Општината ќе нема ингеренции, но ќе има претставници во новото регионалното комунално претпријатие. Одземањето на ингеренциите ќе биде само во делот на функционирање на регионалното комунално претпријатие за...

Хидросистемите во функција, започнува сезоната за наводнување

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со директорот на АД Водостопанство Локман Љимани, извршија увид во работата на хидросистемот Брегалница, од каде го најавија предвременото започнување со работа на системите за наводнување на целата територија во државата. Тие кажаа дека важен дел во производството на земјоделските производи е наводнувањето на обработливите површини. „Системите за наводнување на целата...

Генчовска го потврди разидувањето на ставовите за спорот со Македонија меѓу неа и Кирил Петков

Има сериозно несогласување за прашањето за Северна Македонија помеѓу Министерството за надворешни работи (МНР) и тимот за надворешна политика на премиерот Кирил Петков за евроинтеграциите и преговорите со Република Северна Македонија, изјави денеска бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, јавува БНТ. Шефицата на бугарската дипломатија порачува дека нема напредок од македонска страна, како и оти нема време Северна Македонија...

Османи: Интеграцијата на Западниот Балкан е геостратешка инвестиција во европската безбедност

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на покана на Делфи економскиот форум, учествуваше на панелот „Европа после Украина“, заедно со своите колеги од Грција, Словачка и Косово – Никос Дендиас, Иван Корчок и Доника Грвала Шварц, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР). На панелот се дискутираше за актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува европскиот континент, за начинот на...

Рама побара Албанија одвоено од Македонија да ги почне преговорите со ЕУ

Албанија ќе побара од Европската Унија да го продолжи процесот на пристапување кон ЕУ одвоено од Северна Македонија, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Тој додаде дека Албанија веќе не може да чека Северна Македонија и Бугарија да го решат спорот. „Нашиот политички курс во однос на ова прашање целосно ќе се промени“, изјави премиерот Еди Рама. Говорејќи...

Порталб: Објавен составот на комисиите што ќе ги контролираат и оценуваат судиите

Иако беше ветено дека процесот на прочистување на судството ќе започне во јануари 2021 година, Судскиот совет на Република Северна Македонија вчера ги формираше комисиите за контрола и оцена на судиите и претседателите на судовите, извести Порталб.мк. Оцената на квалитетот на водењето на судските постапки ќе се врши преку контрола во 10 предмети на судијата кој се оценува, од кои...

ЕУ во трка за енергија

Кога пред околу една година се вжешти кризата со енергенсите малкумина предвидуваа дека тоа ќе биде подолгорочно. Агресијата на Русија врз Украина целосно ги промени прогнозите и плановите, а енергетиката уште поцврсто се поврза со гео-политиката. Зависноста од руските енергенси (гас – 45,3%, нафта – 27%, јаглен – 46%) ги оневозможи поострите санкции на ЕУ кон Русија. Иако руски енергенси...

Европската комисија почнува истрага за владеењето на правото против Унгарија

Европската комисија ќе почне правна истрага против Унгарија, со која ќе се испитува владеењето на правото во оваа членка на ЕУ и која што би довела и до парични казни, соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен во Европскиот парламент, известува „ЕУОбсервер“. Тоа ќе биде првпат извршната власт на ЕУ да прибегне кон ваков чекор против членка на...

Железницата исчезнува: Возовите со нов рекорд на најмалку превезени патници [инфографик]

Патничкиот железнички сообраќај во Македонија и во 2021 година продолжил да руши неславни историски бројки според бројот на превезени патници. Според податоците на Државниот завод за статистика, со возови лани патувале само 252.000 патници, што е помалку и од 2020 година и претставува убедливо најлош резултат во историјата на постоење на Македонските железници. Најеколошкото и најевтино средство за масовен превоз...

Путин со указ од утре сака да го продава рускиот гас во рубљи, европските земји реагираат

Рускиот претседател Владимир Путин во денешното обраќање до јавноста рече дека од 1 април странските купувачи на руски гас ќе мора истиот да го плаќаат во рубљи, пренесува Би-би-си. Како што јавува дописникот на британскиот јавен сервис од Москва, новиот указ потпишан од Путин практично ќе значи дека странските купувачи ќе мора да отворат сметка во банката на Газпром...

Блинкен: Северна Македонија има силна поддршка од САД за експедитивен влез во ЕУ

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен | Фото: Стејт департмент на САД, јавен домејн, Викимедија комонс
Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен во телефонски разговор со македонскиот премиер Димитар Ковачевски посочил дека земјава има силна поддршка од САД за експедитивен влез во Европската унија. Како што се вели во изјавата на портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, Блинкен му честитал на премиерот Ковачевски за новата функција и формирањето на новиот Кабинет. Државниот секретар Блинкен, исто така, се...

Користењето на некои електронски услуги е зголемено, но е далеку од посакуваното ниво [инфографик]

Употребата на одредени електронски услуги во текот на 2021 година, во однос на периодот 2019/20 година бележи благ пораст. Ова го покажуваат податоците што ги обезбеди ИЦЕДА (ICEDA) во соработка со Порталб.мк, споредувајќи ги со податоците од прелиминарното истражување, кога истите електронски услуги се користеле помалку. Сепак, зголемувањето е сé уште далеку од нивото на кое граѓаните треба да...

И земјава дел од Платформата за заедничко купување течен гас што ја договорија ЕУ и САД

Северна Македонија, како и другите земји на Западен Балкан, ќе биде вклучена во Платформата за заедничко купување течен гас (LNG) и водород што вчера го договорија ЕУ и Соединетите Американски Држави, соопшти Владата. Ова е резултат на политиката на солидарност во овие времиња на предизвици во кое заедничката стратегија дава резултати, се вели меѓу другото во заклучоците на Европскиот Совет. Европскиот...

Нова криза – ветви пораки за Западниот Балкан

Во последната турнеја на Западниот Балкан, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Унијата Жозеф Борел избра да ги посети Албанија, Македонија и Босна и Херцеговина. Изборот му паднал на во моментов најпослушните и на во моментов најризичниот. Се чини дека Србија и Косово ќе беа преголем залак за оваа посета, а Црна...

Ковачевски-Борел: Почетокот на преговорите со Северна Македонија е од геостратешки интерес за ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жосеп Борел, кој се наоѓа во работна посета на нашата земја и кој на средбата беше придружуван од шефот на делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир. Премиерот Ковачевски и потпретседателот на ЕК Борел имаа тет-а-тет средба по што следуваше...

Вулин го велича Милошевиќ, Вучиќ и Харадинај се препукуваат кој кого ќе бомбардира, Косово бара членство во ЕУ и НАТО

Руската агресија на Украина ги отвори старите балкански рани. За разлика од протестите за поддршка на Украина кои се организираа во Приштина, во српската престолнина се организираа протести за поддршка на Русија. Таков протест неодамна организираа и локалните Срби од северот на Косово. Тие на „руските браќа“ им пренесоа порака за поддршка на рускиот народ и рекоа дека косовските Срби...

Најмалку 30 загинати при израелски напад во Бејрут

Најмалку 30 лицa загинале, меѓу кои три деца и седум жени, при израелски напад врз јужните предградија на Бејрут вчера, пишува Гардијан.  Министерот за здравство на Либан, Фирас Абијад, изјави за...