До 23 септември има драстични попусти на сите игри од Близард, што достигаат до 67 отсто. Сепак, игри како World of Warcraft , Диабло 4 и најновата верзија на Call of Duty попустите се по околу 50 отсто за базичните верзии на игрите и нивните продолжетоци и додатоци. Игрите на Близард се интерконектирани и поврзани што се однесува до нови скинови (менување изглед на херој и оружја). Најдобар пример за ова е вметнувањето на скинови од Воркрафт во Овервач 2 (која е бесплатна).
Вакви примери со скинови и други карактеристики како анимирани потрети од една Близард игра во друга има повеќе. Ако ја купите ултимативната едиција на Диабло 4 добивате огнено куче со три глави во WoW. Ова започна со Старкрафт 2 и Диабло 3, а најизразено е во Heroes of the Storm.
На попустов игри што ви препорачуваме се: основната Диабло 4 на 40% попуст и наместо 50 евра чини 30 евра, затоа што играта се развива во добар правец и евентуално Диабло 2 Resurrected, потоа Ремастерот како целокупно најдобра од серијалот која е на 67% попуст и наместо 40 евра чини околу 13 евра моментално. Call of Duty не ви ја препорачуваме затоа што содржи многу микротрансакции и захтева навистина моќен компјутер.
Патем, во World of Warcraft The War Within ќе се воведува “соло предизвик за рејд” со цел играчите да не зависат од масовни рејдови. Сега групата може да биде и 9 играчи или само еден играч кој ќе има услови да ја има завршено до таму кампањата како и квестови што се отклучуваат после левел 80.
За Диабло 4 на Steam има и ачивменти, но ако сте ја купиле на battle.net таа верзија не се пренесува на Steam, a обратното е инкорпорирано односно можете со Steam верзијата и да користите “батлнет”. Ако ја сакате играта и на Стим кај што има и ачивменти на самиот гејминг сервис ќе мора да се купи повторно и да се почне од почеток.
Септемвристики попусти на Близард се одлична можност да платите двојно помалку за игра што сте сакале одамна да ја купите.