Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 45. издание.
Пред Центарот за култура во Битола, во 19.15 е црвениот тепих, а во 19.45 почнува церемонијата на свеченото отворање и проекција на Канскиот хит-филм „Партенопе“ во режија на Паоло Сорентино.
Годинашен добитник на наградата Златна камера 300 за животно дело е францускиот кинематографер Бруно Делбонел, кој ќе присуствува на свеченото отворање и ќе ја прими наградата.
Добитничка на специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност е истакнатата полска кинематограферка – Јоланта Дилевска.
Во седумте фестивалски дена публиката ќе ужива во 65 филмски остварувања.