fbpx

Тачи: По средбите со странските претставници, ќе се знаат решенијата за излез од политичката криза

-

По средбите на македонските политички лидери со германскиот специјален преставник Јоханес Хајндл и со заменичката на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, работите околу можните решенија за излез од политичката криза и датумот за избори ќе станат поизвесни. Ова го изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на брифинг со новинарите, синоќа, по прославата на годишнината на неговата партија, која се одржа во Тетово.

Тачи изјави дека меѓународниот фактор треба да заземе поцврст став кон решавањето на кризата.

– Странските преставници кои посредуваат во решавањето на кризата треба да имаат поцврст став, да не ги толерираат разните барања и желби на политичките партии. На тој начин ќе се постигне решение и ќе се стави точка на кризата. Но, тие се претпазливи и ги толерираат политичките партии, за да не излезат на површина меѓуетничките прашања, кои како вистински проблеми уште повеќе би ја продлабочиле кризата во земјава – изјави Тачи.

Лидерот на ДПА смета дека спорните 42.000 гласачи кои не биле најдени за време на теренската проверка се злоупотребуваат од ДУИ и се ставаат на нивно гласачко конто за време на изборите

– Се работи се гласови кои ДУИ со чист фалисфикат ги злоупотребува за време на изборите и ги користи како свои гласови. Затоа, овие гласови, според препораките што ги добиваме од експерти, треба да бидат избиришани – рече Тачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Просечните трошоци за еден семестар, студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини 81.335 денари или 1.317 евра, покажува најновото истражување на Форумот за образовни промени. Целта на документот „Студентска...