fbpx

Ципрас го поднесе новиот изборен закон за уникување на бонусот од 50 пратеници

-

Грчката влада го поднесе до собранието новиот предлог за измени на изборниот закон. Владата на СИРИЗА и на Независни Грци предлага закон со две клучни точки – укинување на бонусот од 50 пратеници што го добива победничката партија на изборите и намалување на возрасната граница за гласање од 18 на 17 години. Со ова и учениците во средните училишта на 17 години ќе може да станат рамноправни гласачи на грчките избори.

Законот неделава ќе го разгледуваат парламентарните комисии, а се очекува тој да биде ставен на парламентарна расправа и на гласање дури по 18 јули. На внесувањето на законот во собрание му претходеа долги средби меѓу премиерот Алексис Ципрас и лидерите на секоја од политичките партии во парламентот, во обид грчкиот премиер да издејствува поддршка од партиите за новиот изборен законик.

За да помине новиот закон, треба да добие поддршка од 200 од вкупно 300 пратеници во грчкото собрание. Засега законот има поддршка од двете владејачки партии, СИРИЗА и Независни Грци, кои имаат парламентарно мнозинство од 152 пратеници, од малата партија Унија на центристи и од дел од пратениците на Демократска левица. На законските изени остро се противат двете поголеми опозициски партии, Нова демократија и ПАСОК, а под знак прашалник е како ќе гласа Комунистичката партија. Извесно е дека и Златна зора ќе го поддржи законот, што создава контроверзии и ја става владата на мета на Нова демократија, која критикува дека СИРИЗА сака да владе со поддршка од неонацистичка партија.

Проценките се дека владата на Ципрас тешко ќе добие 200 пратеници за поддршка на законот, што ќе значи дека тој нема да се примени од следните, туку од изборите по нив.

Единствено што веројатно ќе помине без проблеми е членот за гласање на малолетниците од 17 години, кој може да се спроведе само со поддршка од парламенарното мнозинство на СИРИЗА и на Независни Грци.

Ограничувањето за влез на партиите во парламентот и понатаму ќе остане на 3 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...