fbpx

Судскиот совет предложи Добрила Кацарска да биде избрана за уставен судија

-

Судскиот совет на РСМ на денешната седница едногласно ја предложи судијката Добрила Кацарска за избор на нов судија во Уставниот суд. Судскиот совет може да предложи двајца од вкупно девет судии колку што брои Уставниот суд. Судијката Кацарска е предложена на местото на досегашниот уставен судија Владимир Стојановски, чијшто мандат веќе е истечен.

Предлогот на Судскиот совет за избор на Добрила Кацарска за уставен судија ќе биде доставен до Собранието на РСМ, коешто ќе го врши изборот. Мандатот на уставниот судија е девет години, без право на реизбор.

Судијката Добрила Кацарска е избрана за судија во Основниот кривичен суд во Скопје во 1986 година. Таа работи на судски предмети од кривичната материја за организиран криминал. Меѓу позначајните предмети што ги водеше во изминатиов период, судијката Кацарска ја донесе пресудата за случајот „Тенк“ на СЈО за набавката на луксузниот „мерцедес“, како и за предметот што се однесуваше за насилствата од „крвавиот четврток“ на 27 април 2017 година што се случија во Собранието. Во случајот „Тенк“ на две години затвор е осуден поранешниот премиер Никола Груевски кој пребега во Унгарија, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која од вчера почна да ја отслужува четиригодишната затворска казна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петнаесет работници лани загинале на работните места

Утре, в недела, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во паркот на улицата Пандил Шишков во општина Аеродром ќе бидат засадени 15 дрвца, колку што изнесува...