Неделен извештај на ИЈЗ: Намален бројот на новозаболени и починати лица од ковид-19

-

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 21 до 27 септември 2020 година, тестирани се вкупно 9.691 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е 0,3 отсто повеќе во однос на минатата недела.

Регистрирани сe вкупно 890 нови позитивни случаи од 31 град во државата, што претставува намалување од 6,4 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=315; 35,4 отсто), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кочани – 175,1 на 100.000 жители.

Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 9,2 отсто или за 0,6 отсто помалку во однос на претходната недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=184, 20,7 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 години (n=172; 19,3 отсто), 50-59 (n=161; 18,1 отсто), 30-39 (n=152; 17,1 отсто) и 20-29 (n=121; 13,6 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=28; 3,1 отсто) и 10-19 години (n=72; 8,1 отсто).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=864; 97,1 отсто), регистрирани се 138 (16 отсто) хоспитализирани, а кај 231 (26,8 отсто) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи во периодот 21-27 септември, 332 (38,5 отсто) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 27 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 705 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што претставува зголемување за 11 отсто во однос на претходната недела.

Пријавени се 28 смртни случаи, намалување од 41,7 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 23 лица биле над 60 години, 4 на возраст од 50-59 и еден од 40-49 години. Сите починати биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 25 починати лица.

Администрацијата на Трамп отстрани 2000 војници на Националната гарда кои беа распоредени во Лос Анџелес

Администрацијата на Трамп соопшти дека ќе ја намали својата воена операција во Лос Анџелес со отстранување на половина од трупите на Националната гарда што беа распоредени во областа минатиот месец, поради...

Украина чека битни детали за оружјето вредно „милијарди долари“ ветено од Трамп

Украина чека дополнителни детали за американската воена опрема вредна „милијарди долари“ што ја вети Доналд Трамп, поради конфузија околу тоа колку системи за воздушна одбрана „Патриот“ ќе бидат испратени во Киев,...

Европскиот парламент размислува за целосна забрана за лобисти поврзани со Амазон

Европскиот парламент разгледува можност да ја прошири забраната за лобирање што веќе ја има воведено за лобистите на Амазон, така што ќе ги опфати и сите лобистички групи и организации кои...

Трамп посредува за спас на крипто-законите во САД по застојот во Конгресот

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот интервенираше за да постигне договор меѓу републиканските конгресмени по застојот во Претставничкиот дом што го доведе во прашање усвојувањето на долгоочекуваната крипто-законска рамка, регулатива што...

Администрацијата на Трамп отстрани 2000 војници на Националната гарда кои беа распоредени во Лос Анџелес

Администрацијата на Трамп соопшти дека ќе ја намали својата воена операција во Лос Анџелес со отстранување на половина од трупите на Националната гарда што беа распоредени во областа минатиот...