fbpx

Владата ќе ги зголеми казните за загадување на животната средина

-

Министерство за правда подготвува предлог закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците со кои се предвидува зголемување на казните за загадување на животната средина.

Во образложението објавено на Единствениот национален електронски регистар на прописи(ЕНЕР) се вели дека при вршење на задолжителното усогласување на посебните закони од областа на животната средина со постојниот Закон за прекршоците, во делот на глобите се наметнало драстично намалување на постојните глоби поради поставените утврдени максимални вредности, а нивно зголемување не е возможно.

„Предвидените глоби во Законот за прекршоците се несоодветни за штетата која се создава со сторување на прекршоците од областа животна средина. Поради ова, во Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија поднесена во Собранието при изборот на Владата на РСМ за 2020 – 2024 година е предвидено зголемување на казните во областа на животната средина. Донесувањето на предложениот закон ќе создаде можност за измена на материјалните закони од областа на животната средина во кои ќе бидат пропишани повисоки глоби за сторителите на прекршоци од оваа област. Повисоките глоби (соодветни на причинетата штета) се очекува да ги спречат сторителите во вршење на ваквите видови прекршоци“, пишува во образложението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...