fbpx

„Средношколски пленум“: Од училиштата бојкотот ќе се префрли пред МОН

-

Средношколците и студентите денеска заедно маршиира против лошите реформи во образованието и игнорантскиот однос на Министерството за образование и наука кон нивните барања.

Средношколците маршот го почнаа во Градски парк, од каде се упатија кон Владата и таму се сретнаа со студентите, кои, пак, маршот го почнаа од платото на УКИМ. Паралелно извикувајќи „Заедно сме посилни“, „Доста беше молк“ и „Сега ќе нè слушнете“, се упатија кон МОН.

– Со оваа бројка уште еднаш покажавме дека сме незадоволни од игнорантниот однос на Министерството за образование и наука. Се надеваме дека во најкраток можен рок ќе бидеме повикани на средба бидејќи сите сме свесни дека образованието со секој изминат час сè повеќе се распаѓа. Во следните неколку денови, нашиот бојкот ќе добие нова димензија и од училишните холови, ќе се префрли пред МОН, односно во паркот на новинари. Ние тука ќе бидеме присутни 24 часа и со ова сакаме да покажеме дека сме спремни во секој момент да дојдеме на средба бидејќи ние, пред сè, се бориме за подобро образование, а не за неодење на настава – рече Борјан Ефтимов од гимназијата „Никола Карев“.

Студентите од „Студентски пленум“ им дадоа поддршка на средношколците бидејќи, како што рекоа, нема квалитетно високо образование без квалитетно средно образование и бидејќи делат заедничка иднина и заеднички цели.

– Министре, овие генерации одамна го победија стравот благодарение на вербата за подобро образование бидејќи образованието е клучот на едно силно и вистинско демократско општество. Овие генерации сфатија дека без добар образовен систем, кој ќе нè учи да бидеме граѓани наместо послушници, никогаш нема да имаме општество од свесни граѓани. Студентите стојат рамо до рамо со вас кои покажавте дека не само што имате храброст туку поседувате и визија. Ние заедно со средношколците одлучивме да се бориме за подобро утре и за нови политики кои ќе бидат креирани од сите за сите – рече Василиј Стојановски од „Студентски пленум“.

Заедно со средношколците и со студентите, маршираа и нивните родители и наставници кои ги поддржуваат во барањата што ги имаат до МОН.

– Младите се ветерот кој носи промени. Воодушевен сум од вашата креативност. И професорите се заедно со вас и сите луѓе кои имаат своја глава за размислување, секогаш ќе бидат со вас. Заедно сме посилни – рече наставник од „Наставнички пленум“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...