fbpx

Србија не го дава Трепча, но не сака судири, порачаа Вучиќ и Николиќ

-

Владата на Србија денеска одлучи да ги поништи правните последици од сите акти и дејства на Приштина кои се однесуваат на рударско-металуршкиот комбинат Трепча, јавува дописникот на „Мета“ од Белград.

На прес-конференцијата, по седницата на владата, премиерот Александар Вучиќ рече дека Трепча е од витално знаење за опстанокот на северот на Косово и додаде дека не разбира зошто Албанците го направиле тоа и што сакале со тоа да добијат.

– Принудени сме да донесеме одлука затоа што сакаме Трепча да продолжи да работи… Трепча е од витално значење за опстанокот на северот на Косово – рече Вучиќ.

Тој нагласи дека не го прифатил предлогот прашањето за Трепча да се постави пред Советот за безбедност на Обединетите нации, како што предлагал шефот на владината канцеларија за Косово, Марко Ѓурич, затоа што, како што рече, не е циркуски премиер.

– Не ми треба да урлам по телевизии колку сум голем Србин, а резултатот да биде 0:1. Како тоа би поминало во Советот за безбедност, ако имаме осум или десет земји против нас – рече Вучиќ.

За плановите на косовската влада да ги преземе српските имоти во покраината, Вучиќ рече дека Србија никому нема да дозволи да ја гази, но нема да влезе во судири.

– Не сакам тешки зборови, сакам да најдеме заеднички јазик – рече Вучиќ и додаде дека Србија е подготвена на компромиси, но дека за тоа се потребни две страни.

И српскиот претседател, Томислав Николиќ, рече дека Србија не треба да прави отстапки за косовските Албанци кога станува збор за комбинатот Трепча или за имотот на телекомот. Според него, постапките на Приштина во врска со тие два имота претставуваат „узурпација“ и оти Србија не може да се согласи на такво нешто. Во изјава за денешниот број на „Блиц“, Николиќ рече дека Србија не треба да ги прифати условувањата, „ако Брисел тоа навистина го поставува како услов за напредок на преговорите“.

Собранието на Косово минатата недела усвои закон за Трепча, со кој владата на Косово станува сопственик на 80 отсто од комбинатот. Претходно, српските претставници соопштија дека Брисел инсистира за примена на техничкиот дел од договорот меѓу Белград и Приштина за телекомуникациите и имотот на телекомот на Косово, што подразбира Белград да се откаже од телекомуникацискиот имот на Косово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...