fbpx

Спасени 3.200 мигранти во Средоземно Море

-

Повеќе од 3.200 мигранти се спасени во Средоземно Море во 25 операции што беа спроведени во текот на вчерашниот ден, соопшти италијанската крајбрежна стража.

Едно безживотно тело е најдено на еден од бродовите, стои во соопштението на италијанската крајбрежна стража, која ја координирала акцијата.

Во операциите за спасување учествувале бродови на италијанската крајбрежна стража, Европските поморски сили во Медитеранот и невладините организации „Лекари без граници“, „Си воч“ и МОАС.

Со овој број, во Италија, од почетокот на годинава стигнале вкупно 80.000 мигранти, претежно од Африка, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...