петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: спасување | 47 резултати

Повреден војник што се борел со пожарот во Штип спасен со полициски хеликоптер

јули 27, 2025

Повреден припадник на македонската Армија денеска бил спасен со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи од пожарот што е активен во близина на Штип. Како што информираа од МВР, полициски службеници го евакуирале С.Н. од првата пешадиска бригада од Штип, кој се повредил за време на неговата борба со огнената стихија. Спасувачката акција се одвивала […]

(ВИДЕО) Ива Стојановиќ – кога љубовта кон животните се претвора во акција за менување судбини

јануари 8, 2024

Со своите емотивни стории на социјалните мрежи, Ива Стојановиќ од Скопје со години наназад се обидува да им го приближи она што македонските граѓани понекогаш имаат потешкотија да го разберат – зошто треба да се има емпатија кон секое живо суштество на планетава, зошто треба да се помага и пред сè, дека порастот на бездомните […]

Татко и син спасени во драматична потрага по сообраќајка во Кавадарци, детето било присебно и побарало помош на 112

септември 3, 2023

Татко и син биле спасени по сообраќајна несреќа во Кавадарци, откако детето се јавило на единствениот број за пријавување несреќи, пожари, ризици и опасности 112 и побарало помош. Како што информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев детето многу успешно ги водело спасувачките екипи до местото каде што се случила несреќата, по што биле превезени во […]

Спасени три лица од водите на Дојранското Езеро

август 30, 2023

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека утрово е извршено спасување на три лица, кои поради невремето изгубиле контрола над чамец во Дојранското Езеро. Дојавата била примена утрово во 8:30 часот во СВР-Струмица, од страна на граѓанин. Тој кажал дека три лица изгубиле контрола над чамец поради невремето и не можеле да се вратат кон […]

Бројката на жртви во железничката несреќа во Индија се искачи на најмалку 288

јуни 3, 2023

Оние што ќе бидат прогласени за виновни за железничката несреќа во источна Индија ќе бидат „казнети строго“, порача индискиот премиер Нарендра Моди, кој го посети местото на несреќата во источната индиска држава Одиша, јави Би-би-си. Трагичниот биланс, пак, се искачи на најмалку 288 загинати и над 1.000 повредени. Попладнево по македонско време, односно навечер по […]

Бугарски интелектуалци побараа Бугарија да ја признае одговорноста за прогонот и депортацијата на Евреите од окупираните територии

март 12, 2023

На крајот на минатиот месец, во пресрет на 80-годишнината од спасување на Евреите на територијата на Бугарија, но и на депортацијата на 7.144 Евреи од Македонија во нацистичкиот логор Треблинка во 1943 година, група бугарски интелектуалци побараа Бугарија да ја признае одговорноста за холокаустот на македонските Евреи и да се извини. Во нивниот „Повик“, што […]

По 7 дена под урнатините спасена 40-годишна жена, бројот на загинати се искачи на речиси 33.200

февруари 13, 2023

Спасувачките екипи утрово извлекоа 40-годишна жена од урнатините на зграда во градот Ислахије, во турската провинција Газиантеп. Жената преживеала приклештена во кршот цели 7 дена по најсилните земјотреси што што минатиот понеделник ги погодија југоисточна Турција и северозападна Сирија, и покрај температурите што често беа под нулата, јави Асошиејтед Прес (АП). Покрај двата разурнувачки земјотреси, […]

Момчето што се спаси од морските длабочини благодарение на детска топка излезе од болница

јули 12, 2022

Триесет годишниот Иван кој од длабочините на Егејското Море кај Халкидики се спаси благодарение на изгубена детска топка денес се чувствува добро и е отпуштен од болницата Папаниколау во Солун, каде што беше хоспитализиран од неделата напладне, објави грчкиот портал Protothema. Лекарите велат дека тој е во одлична состојба и може да патува, односно да […]

Продолжува потрагата по третото момче кое изчезна во водите на Егејско Море на Халкидики

јули 11, 2022

Спасувачката акција по исчезнатиот македонски државјанин во местото Посиди, Грција продолжува во полн капацитет со хеликоптер и бродови како претходните два дена, соопшти Министерството за надворешни работи. 28 годишното момче по кое сѐ уште трае потрагата исчезна во саботата заедно со неговите двајца другари во водите на Егејското Море, на Касандра, првиот крак на Халкидики. […]

[ВИДЕО] Полициските „тигри“ со хеликоптер евакуираа изнемоштено лице од Галичник

февруари 9, 2022

Припадниците на специјалната единица на полицијата „Тигар“, во соработка со Хеликоптерската единица при МВР спасија изнемоштено лице од Галичник. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), по упатен повик до Центарот за управување со кризи (ЦУК) за евакуација на болно изнемоштено лице, жител на село Галичник, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Хеликоптерската единица на […]

Два јавно-приватни хеликоптера ќе пружаат брза помош, Владата ги намалува сообраќајните казни

октомври 30, 2019

Владата на вчерашната седница донела одлука да се склучи јавно-приватно партнерство со кое два хеликоптера од приватна фирма ќе пружаат брза помош на граѓаните и ќе вршат спасувачки операции. Како што соопштија од Владата, Хеликоптерскиот итен медицински систем (ХЕМС) и хеликоптерските услуги за пребарување и спасување (САР) ќе ги води САРХЕМС ДООЕЛ Скопје, која била […]

Отворен новиот Центар за спасување на планина

јули 10, 2019

Во рамки на проектот „Регион Охридско Езеро безбедна дестинација за авантуристички туризам“, инаку еден од деветте проекти финансирани од ЕУ преку ИПА-програмата за прекугранична соработка со Албанија, денеска во Охрид ставен е во функција новиот Центар за спасување на планина. „Не е целта само да привлекуваме туристи, треба да се грижиме за нивната безбедност. За […]

Извлечени украинските параглајдеристи што паднаа на Галичица

јули 10, 2019

Спасители од Планинската спасителна служба при Црвен Крст – Охрид, припадници на Единицата за специјални задачи и хеликоптер на МВР учествуваа во акцијата за извлекување на двајцата украински параглајдеристи кои вчера попладне паднаа на падините на Галичица од албанска страна. Притоа 30-годишната жена се здобила со посериозни повреди, а 41-годишниот маж поминал со полесни телесни […]

Успешна акција за спасување на странски туристи на Галичица

мај 27, 2019

Планинската спасителна служба (ПСС), преку СВР-Охрид на 26 мај добиле дојава дека на територијата на Националниот парк „Галичица“ биле изгубени две лица, странски државјани. Оперативниот центар на ПСС веднаш ги алармирал волонтерите, стапиле во контакт со изгубените и со помош на GPS координатите од нивниот мобилен телефон, ја одредиле нивната локација, на 1,5 километри југоисточно […]

Во железничка несреќа во Турција загинаа најмалку 24 лица

јули 9, 2018

Најмалку 24 лица загинаа во железничка несреќа кога воз излета од шините на западот на Турција, соопштија турските власти за новиот биланс на жртвите. На местото на несреќата која се случи во неделата на границата со Грција, рано утринава беше продолжена операцијата за потрага и спасување. Патничкиот воз со вкупно 368 лица излета кај селото […]

Шпанската крајбрежна стража спасила 56 мигранти во Средоземно море

јануари 20, 2018

Шпанската крајбрежна стража соопшти дека спасила 56 мигранти од Африка од два чамци на Средоземно море. Еден чамец со 23 мигранти бил пресретнат кај Гибралтарскиот залив, додека друг чамец со 33 мигранти е лоциран источно од малиот остров Алборан, на пола пат помеѓу Африка и Шпанија. Меѓународната организација за миграција соопшти дека минатата година 22.800 […]

Тела на шестмина мигранти пронајдени во близина на Ланзароте

јануари 15, 2018

Тела на шестмина мигранти се пронајдени во близина на Канарските острови, соопшти шпанската полиција. Спасувачките служби наведоа дека, телата на петмината мигранти биле пронајдени во голем гумен чамец во близина на островот Ланзароте, додека шестиот починал подоцна откако бил извлечен од водата. Полицијата подоцна пронашла 18 мигранти кои успеале да допливаат до крајбрежјето. Илјадници мигранти […]

ДЗС: Се преземаат мерки за спречување поплави, неколку места се критични

декември 2, 2017

На одредени места постои опасност од излевање на водата надвор од речните корита, предупредија од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Од дирекцијата велат дека зголемување на нивото на водата е забележано на реките Треска, Радика, Сатеска, Кичевска, по горниот тек на Вардар во атарот на селото Раотинце, како и на нивните притоки. „Подрачните одделенија за заштита и […]

Авганистанските сили спасиле 30 луѓе од талибански затвор

ноември 19, 2017

Најмалку 30 лица се спасени во рација што ја спровеле авганистанските сили заедно со специјалните странски сили во талибански затвор во провинцијата Хелманд. Ова го соопштија војската и локалните власти. Помеѓу спасените се и четири деца кои имаат помалку од 12 години и двајца полицајци. Талибанците уапсиле повеќе од 20 лица поради давање помош на владата […]

Во поплавите на југот на Азија настрадаа 600 лица

август 20, 2017

Околу 600 лица настрадаа во поплавите на југот на Азија каде што акцијата за спасување се уште трае. Во поплавите и свлечиштата предизвикани од нив, биле погодени повеќе од еден милион луѓе. Властите на Индија побарале помош од војската во две области кои се најгусто населени, а во кои загинаа 55 лица. Во индиската држава Утар […]

Страна 1 од 3