fbpx

Сончево и ветровито време со температура до 6 степени

-

Претпладне времето ќе биде со умерена облачност, а од пладне претежно сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето претпладне со мала до умерена облачност, а од пладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 Целзиусови степени.

Следува период на претежно стабилно време со пониски утрински температури, кои насекаде ќе се спуштат под нула. Повремено по котлините ќе има услови за појава на магла, особено утре и за време на викендот. Утре кон крајот на денот ќе се зголеми облачноста од запад и в петок претпладне ќе има повремени врнежи, претежно од дожд, на пониските места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Премиерот на преодната Влада, Талат Џафери, како и претседателот Стево Пендаровски, упатија честитка до граѓаните по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. „Како држава, треба секогаш да размислуваме...