По скратена постапка со и со 95 гласа „за“ вечерва беше усвоен Законот за амнестија кој предвидува кој НЕ МОЖЕ да бара амнестија за настаните од 27 април, 2017 година. Откако ќе стапи на сила, обвинетите имаат рок од 5 дена да поднесат барање за амнестија.

Според законот, не може да бидат амнестирани организаторите и оние кои учествувале во подготовката, насилниците, оние кои што носеле оружје и експлозивни направи и службените лица кои постапиле спротивно на нивните овластувања.

Законот го поддржаа и дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, иако партијата тврдеше дека не е за селективна, туку за општа амнестија.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, рече дека тие се приклучуваат како предлагачи на законот.

– Мислам дека е поважно дека на крајот сите дојдовме до она што го зборуваме од самиот почеток – дека треба да се погледнеме во очи и треба нашите проблеми и грешки да не ги префрлуваме на целото општество и да ја ставаме државата во залог на она што ние го грешиме. Оттука, иако не беше понудено би сакал во мое лично име и во име на колегата Панчо Минов да ве информирам дека се приклучуваме како предлагачи на овој закон – рече Димовски.

Обвинителството и судот за пет дена ќе треба да им одговорот на обвинетите дали нивното барање за амнестија е прифатено.