Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за надворешни работи Димитров

-

Собранието денеска со 43 гласа „за“, 56 гласа „против“ и ниту еден воздржан, ја отфрли интерпелацијата за министерот за надворешни работи Никола Димитров поднесена од пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои го обвинија Димитров за кариеризам.

Претседателот на Собранието следната седница, на која треба да се најдат интерпелациите за министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ја закажа за утре во 16 часот.

Фокусот на пладневниот дел од расправата за интерпелацијата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров беше на Договорот за добрососедство со Бугарија. Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Договорот бил постигнат набрзина, кратко време по формирањето на новата влада и дека решенијата во него се на штета на националните и на државните интереси на Македонија.

Поранешниот шеф на македонската дипломатија и актуелен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, рече дека Договорот, меѓу другото, бил постигнат за во земјава Владата да создаде атмосфера на триумфализам и „за да се изнудат аплаузи на отворена сцена“.

– Ние долг временски период разговаравме со Бугарија, разгледувавме алтернативи и консултиравме историчари, консултиравме претставници од СДСМ кои за некои од овие прашања имаа најрадикални позиции. Процесот беше во рамките на 5 до 6 отворени прашања и во однос на тие прашања Македонија треба да го заштити својот интерес и Бугарија да го заштити својот интерес, а сега имаме резултат кој што е 6:0 во корист на бугарската страна – рече Попоски.

Неговиот колега и поранешниот технички премиер, Емил Димитриев, истакна дека она што нему му оставило впечаток била брзината со која бил донесен Договорот со Бугарија, што, како што рече, остава простор за сомнеж околу неговиот квалитет.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, им порача на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не ги омаловажуваат напорите и придонесот на нивната влада и на нивниот премиер, кои преговарале со Бугарија за Договорот.

– Договорот е услов за економски развој и јас тука ја гледам најголемата негова предност – рече Тунтев.

Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница потсети дека на денешен ден Струмица била ослободена од бугарскиот фашистички окупатор во Втората светска војна, на што Тунтев одговори дека и Јапонија и Германија и Италија биле фашистички држави во Втората светска војна, но сега се сојузници и најголеми поддржувачи на Македонија.

Шест пријави за врсничкo насилство од почетокот на учебната година

Секогаш постои простор за унапредување на системската поддршка и грижата за менталното здравје на учениците. Секоја генерација има свои предизвици во училиштето и надвор од него. Дел од нив...