fbpx

Словенија почнува да подигнува ограда на границите

-

Словенија најави дека ќе почне да подигнува жичана ограда со Хрватска, за да се спречи неконтролираниот прилив на бегалци.

Подигнувањето на 180 сантиметри високата ограда требало да почне утринава кај Брежица и  кај подрачјето на Заврча, но тоа сè уште не е почнато.

Војската и полицијата ќе ја обезбедуваат оградата и без разлика на тоа што ќе подигне физичка бариера, премиерот Миро Церар тврди дека неговата земја и понатаму ќе остане отворена за бегалците. Од полноќ во Словенија влегле околу 1.000 бегалци, а ист број се очекува и претпладнево.

Официјална Љубљана наведува дека целата ограда ќе биде финансирана од Европската унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...