fbpx

Скопје и владата се подготвени за објавување на повикот за субвенционирање на инвертерите

-

Градските власти и владата ги прават последните подготовки пред распишувањето на повикот за доделување на субвенции за набавка на инвертер клима уреди од домаќинствата во главниот град. Советот на град Скопје на денешната седница ги усвои предложените измени и дополнувања на годинешниов буџет, со што во него се вклучија префрлените средства од владата за планираните субвенции.

„Во основниот буџет на Град Скопје за 2020 година на приходната страна се врши зголемување на планираниот вишок на приходи во износ од 340 милиони денари, односно 7,4 отсто. Со одлука на Владата на крајот на 2019 година, беа одобрени и префрлени на посебна наменска сметка на Град Скопје 322,4 милиони денари, со намена набавка на високоефикасни инвертер клима уреди, а со цел намалување на аерозагадувањето на подрачјето на Град Скопје“, се вели во образложението на одлуката за измени и дополнувања на Буџетот на град Скопје за 2020 година.

Градските власти ќе треба допрва да го распишат повикот, на кој домаќинствата од Скопје ќе можат да аплицираат за добивање на ваучери во износ од 60.000 денари за да купат инвертер клима уреди за затоплување на домовите. Оваа мерка ќе се однесува на оние домаќинства што користат дрва или фосилни горива за греење, а не се опфатени со централното греење во Скопје или со гасоводната мрежа во оние градови каде веќе е почната гасификацијата.

Владата пак на вчерашната седница донесе решение за формирање Централна комисија за следење на спроведувањето и имплементирањето на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди за потребите на домаќинствата во Скопје, Битола, Тетово и Кичево.

„Владата ги задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање, канцеларијата на заменик претседателката задолжена за економски прашања, Министерството за економија, Министерството за информатичко општество и администрација, кои се во функција на исполнување на оваа мерка, да именуваат по еден член и негов заменик и истото го препорача и до АД Електрани“, се вели во владиното соопштение.

Во комисијата рамноправни членови ќе бидат и по еден претставник од граѓанските организации Движење за околината Молика – ДОМ Битола, Еколошко здружение – Движење Еко Герила Тетово, и од Македонската платформа против сиромаштија – МППС, при што тие ќе бидат задолжени за постојана контрола и мониторинг на целиот процес на имплементација на оваа мерка.

Експертската јавност во неколку наврати веќе излезе со констатација дека на Македонија ѝ е неопходно час поскоро да основа национален Фонд за енергетска ефикасност, преку кој континуирано и системски ќе се субвенционираат граѓаните за воведување на иновативни системи за затоплување на домовите. Еден од позитивните примери е Хрватска, која што во нејзиниот Фонд за заштита на околината и енергетска ефикасност има посебна програма за финансирање на домаќинствата за искористување на геотермалната енергија, биомасата и топлинската енергија на морето. За разлика од кај нас, Хрватска за годинава има посебна развојна ставка за намалување на употребата на електричната енергија за топлински потреби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...