fbpx

Силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер го погоди Охридско

-

Силен земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала денеска во 13.18 часот е регистриран во охридското епицентрално подрајче.

Епицентарот на земјотресот бил 12 километри североисточно од Охрид и пет километри североисточно од Косел, на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил со интензитет од седум степени според Европската макросеизмичка скала.

Потресот беше почуствуван во Скопје и во други делови од земјава, како и во Албанија.

Засега нема информации за евентуални штети.

Од 18 јуни до денеска во Охрид и во околината беа регистрирани повеќе од 800 земјотреси, од кои повеќето послаби. Најсилниот е денешниот, по потресот кој беше регистриран вчера, кој беше со магнитуда од 4 степени според Рихтер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Хари Потер замокот“ во Одеса бомбардиран, најмалку пет убиени

Пристанишниот град Одеса беше бомбардиран синоќа, пренесува Би-би-си и Еуроњуз. Нападната беше зградата која локалци ја нарекуваат „Хари Потер замок“. Засега се забележани најмалку пет загинати лица. Тие кои биле...