fbpx

Силен земјотрес го погоди Непал

-

Две лица загинаа, а десетици се повредени во земјотресот што изутринава го погоди Непал. Непалските власти соопштуваат дека бројот на повредените можеби е поголем од досега регистрираниот.

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот на земјотресот бил на 80 километри источно од градот.

Според очевидци, земјотресот предизвикал уривање на неколку згради во Катманду, а според неофицијални податоци, загинатите се малолетни деца.

Како што јавуваат светските медиуми, земјотресот се почувствувал и во Њу Делхи и во други градови во Северна Индија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...