fbpx

Шведски програмер ја купи најскапата куќа во Беверли Хилс

-

Маркус Персон, основачот на компанијата што стои зад компјутерската игричка „мајнкрафт“, од неодамна ја поседува најскапата куќа во Беверли Хилс.

Куќата, која вреди 70 милиони долари, се протега на површина од 2.136 квадратни метри, поседува осум спални соби и пет бањи, кино со 18 седишта, фонтана која може да се контролира преку „ајпад“, барови за вотка и за текила, како и „соба за слатки“.

Луксузната куќа е најскапа во Беверли Хилс, а за неа беа заинтересирани дури и Бијонсе и Џеј-Зи. Сепак, шведскиот програмер понудил највисока сума.

Претходниот сопственик, првично барал 85 милиони долари, но очигледно морал да се задоволи со помала сума.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...