fbpx

Што ги кочи преговорите на работните групи?

-

Поминаа речиси пет месеци од потпишувањето на Договорот од Пржино на 2 јуни и еден месец помалку од Протоколот потпишан на 15 јули, исто така, во Пржино.

Кога почнаа средбите на работните групи, преговорите имаа некаков успех, се избра специјален обвинител, се донесе закон за специјално обвинителство, но веќе осум дена, откако Советот на јавни обвинители не ги избра сите помошници-обвинители на Катица Јанева и СДСМ ги напушти преговорите, целиот процес е закочен.

Што го кочи процесот?

  • Се појави предлог-закон за мораториум за „бомбите“ иако тоа го нема во Договорот од Пржино

Талат Џафери, координаторот на пратеничката група на ДУИ, и Крсто Мукоски, заменик-координатор на ВМРО-ДПМНЕ, до Собранието поднесоа предлог-закон со кој се предвидува затворска казна за сите што ќе поседуваат или објават разговори од прислушуваните материјали. Во Договорот од Пржино пишува дека откако ќе се избере специјален јавен обвинител, сите материјали што ги поседува опозициската партија ќе ги предаде на специјалниот обвинител. Но, во ниту еден дел од договорот не пишува дека ќе биде забрането да се употребуваат оние „бомби“ што веќе се објавени.

  • Законот за специјален јавен обвинител оспорен пред Уставен суд

Кон крајот на минатиот месец, адвокат од Свети Николе пред Уставниот суд побара да се оцени уставноста на законот за специјалното јавно обвинителство, но до денеска не е закажана седница за оваа точка. Белгискиот олеснувач Питер ван Хојте на брифинг со новинарите рече дека Уставниот суд поднел барање за толкување до Собранието. Од Собранието му испратија мислење на Уставниот суд. Од кабинетот на Вељаноски не сакале да соопштат детали околу содржината на мислењето.

  • Обвинителката засега нема ниту помошници, ниту простории, ниту вработени

Специјалната обвинителка Катица Јанева побара од Советот за јавни обвинители да ѝ одобри да има 14 помошници-обвинители, простории и милион евра за да може да работи. Советот ѝ одобри само седум помошници. Финансискиот и општиот работен план на Јанева, Советот ги одобри пред една недела, но за нив треба да одлучи и Владата, која треба да ги одобри парите што ги побара Јанева. Таа побара повеќе од еден милион евра за до крајот на годината. Од Владата сè уште нема амин за парите што ги побара специјалната обвинителка.

  • Изгубени во преводот

Владејачката и опозициската партија очигледно различно го толкуваат Договорот од Пржино. За едните, министрите треба да се само технички лица, без никакви надлежности, а за другите – да ги имаат сите овластувња што ги има еден министер.

Исто така, од владејачката партија сакаат замениците-министри да имаат право на вето за сите прашања, додека СДСМ остануваат на ставот право на вето замениците-министри да имаат само за прашања поврзани со изборите.

Во Договорот од Пржино пишува: Овие заменици-министри ќе ги имаат сите права за контрола и вето на работата на своите министри во сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со изборите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...