Денеска се одбележува Денот на македонската револуционерна борба

-

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, владина делегација, предводена од вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, и делегација од Градот Скопје, предводена од градоначалникот Коце Трајановски, ќе положат цвеќе пред споменикот на основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација во паркот Жена-борец, спроти Собранието на Република Македонија.

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, денеска напладне во Собранието на Република Македонија ќе ја додели државната награда за 2015 година, за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и за промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.

Во областа на културата и на уметноста наградата ќе ја добијат ликовниот уметник Стефан Хаџи-Николов, писателот Фејзи Бојку и музикологот, публицист, новинар и музички критичар, Костадин Костадиновски.

Долги редици пред салата „Борис Трајковски“ за подигнување на ваучери за инвертери

Денес пред салата „Борис Трајковски“ се формираа долги редици луѓе кои чекаа да си ги подигнат своите ваучери за инвертери, откако им стигнале пораки дека истите ќе можат да...