fbpx

Што е сина економија? Во Скопје се одржува самит за одржливоста на слатководните води

Настанот има за цел да ја поттикне соработката, да размени знаење и да ги идентификува можностите за партнерство за одржливи иницијативи за слатководни води. Teмите се усогласени со агендата за сина економија на ЕУ, Зелениот договор на ЕУ и Агендата на ОН 2030

-

„Водата е најскапоцен ресурс на нашата планета и лулка на животот на Земјата. Водата е крвотокот на нашите земји и мотор на нашата економија”. Оваа порака беше испратена на Самитот за сина економија 2023, кој се одржа во хотелот Панорамика во Скопјеорганизиран од Prime Blue Institute во партнерство со PrimePoint Partners и Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).

Самитот ги обединува експертите, меѓународните финансиски институции, банките, приватниот сектор и претставниците на регионалните комори, како и креаторите на политики, за да се осврнат на критичните прашања во зачувувањето на слатките води и одржливиот економски развој на Балканот.

Настанот има за цел да ја поттикне соработката, да размени знаење и да ги идентификува можностите за партнерство за одржливи иницијативи за слатководни води. Teмите се усогласени со агендата за сина економија на ЕУ, Зелениот договор на ЕУ и Агендата на ОН 2030.

На отворањето на настанот учествуваа истакнати личности меѓу кои Зоран Мартиновски, претседавач на Самитот и претседател на PrimeBlue Insitute, Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ, Ами Ларсон Џаин, амбасадор на Шведска, Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање. Тие ја истакнаа важноста на регионалната соработка и меѓународните партнерства во одржливоста и валоризацијата на слатководните води.

Меѓу останатите говорници се и: Вирџинијус Синкевичиус, еврокомесар за животна средина, рибарство и поморство од Комисијата на ЕУ, Бјорн Габриел, претставник на ЕИБ во земјата, Патриша Цејсенс, поранешна министерка на Белгија и други значајни личности.

Агендата на самитот опфаќа широк спектар на критични прашања за одржливост, со фокус на екосистемите на езерата и иницијативите насочени кон обезбедување одржлив економски раст на градовите на езераВо рамки на дискусиите ќе бидат обработени теми за глобалните водечки иницијативи во сината економија, можностите за „зелени“ и „сини“ финансии, најдобрите практики во валоризирање на секторите на сината економија како што се одржливиот туризам и земјоделството, како и еколошката општинска инфраструктура.

Самитот на сината економија 2023 година е настан, кој ја поттикнува соработката и иновативното размислување за да се ослободи целосниот потенцијал на сината економија во регионот на Балканот. Тоа е чекор кон градење на просперитетна иднина каде што нашите езера напредуваат, заедниците покрај езерата се развиваат и водните ресурси се зачувани за генерациите што доаѓаат.

Prime Blue Institute e организација посветенa на промовирање на одржливост во езерските градови и секторите на слатководна сина економија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...