fbpx

Штајнмајер: Државите не можат сами да се справуваат со бегалците

-

Шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмајер, е загрижен поради состојбата на грчко-македонската граница.

Снимките од употребата на солзавец од македонската полиција против бегалците, според него, се доказ дека државите не можат сами да се справуваат со проблемот.

– Снимките што ги видовме се доказ дека не може да се најде решение кога земјите дејствуваат сами. Можете да го отфрлате проблемот со бегалците, можете да ги враќате бегалците назад од каде што дошле во вашата земја, но тоа не е решение – вели Штајнмајер во интервју за „Дојче веле“.

Според него, потребен е заеднички европски договор.

– Тоа сега станува сè појасно и се надевам дека на самитот на шефовите на владите на 7 март ќе придонесе за подобра соработка на европските држави – рече Штајнмајер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...