fbpx

Шекеринска: Одлука за избори ќе има ако има политичка волја на 31 август

-

„До 31 август можат да се исполат сите услови што беа предвидени во договорот од 20 јули оваа година. Ако има политичка волја, решение на 31 август и одлука за избори ќе има“, изјави заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, како одговор на новинарско прашање денеска во Велес.

– Процесот што се одвиваше во ДИК потврди дека во Македонија постоеле голем број фантомски гласачи кои сега веќе нема да ги има во списокот, бидејќи тие граѓани што не беа фантоми се пријавија, се регистрираа и се на списокот. Меѓутоа, сега прашањето е кој досега ги злоупотребувал гласовите на оние 30.000 што сега веќе ги нема во списокот, како и кој ги злоупотребувал гласовите на луѓето во дијаспората што, исто така, имаат право на глас, но очигледно некој друг гласал во нивно име. Ние сметаме дека до 31 август можат да се исполат сите услови што беа предвидени во договорот од 20 јули оваа година. Ако има политичка волја, решение на 31 август и одлука за избори ќе има. Македонските граѓани долго време чекаат крај на кризата и долго време знаат дека првиот чекор за крај на кризата се фер и демократски избори. Ако повторно не се случи ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да бегаат од фер избори, убедени сме дека на 31 август може да се донесе добра одлука за Македонија – рече Шекеринска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...