Меѓународниот воз „Хелас експрес“ кој сообраќа на релација Солун – Скопје – Белград од 4 септември нема да вози поради изведување градежни активности на територијата на Република Србија, информираат од „Македонски железници – Транспорт“.

Од компанијата соопштија дека прекинот на патничкиот сообраќај ќе важи сè до крајот на возниот ред 2015-2016 година, а повторното воспоставување на редовната патничка линија на релација Солун – Скопје -Белград заеднички ќе го усогласат „МЖ – Транспорт“, „Србија воз“ и „Треинос“ – Грчки железници.