Проценките на владата се дека нè делат седмици од шансата Македонија да седне на масата на сојузниците и треба да ги почитуваме процедурите во Грција. Во овој случај станува збор и за процедури во НАТО, а за земјите-членки, вклучително и Словенија, да го потпишат протоколот за пристапување потребно е Преспанскиот договор да биде целосно ратификуван. Очекуваме оваа недела грчкиот парламент да го исполни својот дел од обврските. Во моментот кога договорот целосно ќе биде ратификуван, очекуваме сите 29 земји-членки во кус и ефикасен период да го потпишат подготвениот протокол за пристапување, по што Грција ќе може да го ратификува, порача македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска на средбата со нејзиниот словенечки колега Карл Ерјавец, кој денеска е во посета на Македонија.

Ерјавец се потсети на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година и изрази задоволство што Македонија сега, за разлика од тогаш, е на пат да стане членка на Северноатлантската алијанса..

– Морам да изразам оптимистички став и се надевам дека грчката страна ќе го исполни својот дел од договорот. Како министер за одбрана бев присутен на една тажна средба на самиот на НАТО во Букурешт 2008 кога не успеавте да станете членка, но денеска гледам дека сте на патот за влез во Унијата и се раздувам и за мене тоа е големо задоволство – рече Ерјавец.