fbpx

Северна Кореја е подготвена за дијалог со САД само ако потпишат мировен договор

-

Северна Кореја им предложи на САД мировни преговори за подобрување на безбедноста на Корејскиот Полуостров, но само доколку Вашингтон се согласи да потпишат мировен договор, наместо спогодбата за примирје од 1953 година.

– Пјонгјанг се согласи на конструктивен дијалог со САД само под услов тие да потпишат мировен договор – изјави шефот на севернокорејската дипломатија, Ри Су Јонг.

Севернокорејскиот министер, исто така, рече дека земјата ќе продолжи да лансира сателити и да врши нуклеарни тестирања, додавајќи дека десет земји лансирале сателити и имаат нуклеарно оружје, но Советот за безбедност на Обединетите нации вовел забрана само за Пјонгјанг.

– Забранувањето на ваквите активности со резолуции на СБ на ОН е доказ дека оваа меѓународна структура станала за потсмев поради однесувањето на САД – рече тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...